ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Преку кампањата „Обединет Балкан за чист воздух“ до заедничка борба за подобрување на квалитетот на воздухот

March 4, 2021 11:50
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Европски фонд за Балканот бара итно решение за хроничниот проблем со загадувањето на воздухот што ги гуши земјите од западен Балкан.

– Кампањата „Обединет Балкан за чист воздух“ ги повикува граѓаните на земјите од западен Балкан да се приклучат на нашата борба и заедно да го подобриме квалитетот на воздухот, истовремено справувајќи се со неплодноста и подобрувајќи го здравјето на децата, се вели во соопштението од Европскиот фонд за Балканот.

Исклучувањето на јагленот од производството на електрична енергија, според нив, е најбитната мерка за подобрување на квалитетот на воздухот.

– Замена на апаратите за греење и готвење во домаќинствата со еколошки почисти решенија, соларни панели на покривите на куќите и зградите и проекти насочени кон подобрување на енергетската ефикасност, исто така, може да имаат важна улога. Соодветните институции треба да развијат политики за промовирање на здрава бременост, со цел да ги едуцираат жените и мажите за опасностите од загадување за време на бременоста, и да ги опремат идните мајки за да се заштитат себе си и својот фетусот. Треба да се обезбеди високо ефикасно филтрирање на воздухот во јавните затворените простории и граѓаните треба да бидат навремено информирани за загадувањето на воздухот со цел да се избегнат активности на отворено за време на периоди со слаб квалитет на воздухот, наведуваат во соопштението.

Една од мерките за ублажување на штетните ефекти на загадувањето на воздухот, како што посочуваат, е да се намали употребата на пластика за еднократна употреба, особено пакување што не се рециклира. Друга мерка е да се заменат синтетичките влакна со природни влакна. Преку ова, додаваат, се спречува емисија и голтање на микро и нанопластика.

– Капацитетите на дијагностичките центри мора да се подигнат и треба да се спроведат заеднички студии со користење на мониторинг и мерење на податоци за последиците од загадувањето на воздухот во форма на неплодност, предвремено породување, појава на болести и смрт кај новороденчиња во земјите од западен Балкан, се вели во соопштението.

Аерозагадувањето, посочуваат, е меѓу главните причини за зголемена стапка на неплодност и стерилитет кај жени и мажи низ западен Балкан. Особено страдаат жени кои живеат во тешко погодени области, бидејќи загадувањето може да доведе до помал број на здрави јајце клетки, а со тоа и до пад на плодноста.

– ПМ 2.5 честичките предизвикуваат пад на плодноста кај жените за два посто на 10 μg / m3 во воздухот. Овие нивоа во загадените градови низ Западен Балкан достигнуваат вредности над 50 µg / m3 (ПМ 2,5), што е двојно поголема од дозволената годишна вредност и може да ја намали плодноста дури и до 10 посто кај жените. Дневните нивоа на ПМ 2,5 во одредени градови честопати надминуваат дури 200 µg / m3 што може да ја зголеми неплодноста кај жените за повеќе и од 10 посто. Кај мажите, загадувањето на честичките достигнува до тестисите и предизвикува пониски нивоа на производство на сперма, помала подвижност на сперматозоидите и повеќе спонтани абортуси поради програмирана клеточна смрт, информираат во соопштението.

извор: МИА

Next Post
ФОТО: МИА

Пладневен преглед: Владата доби доверба од пратениците, го нема новото парламентарно мнозинство на Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ беше посрамена, првата фаза од пописот засега се одвива без проблеми

НАЈНОВО

Фото: МИА

Трипуновски: Нема никаква опасност по ИПАРД средствата, случајот со директорот на АПЗРР да се истражи докрај

November 8, 2025
Фото: МИА

Саем на домашни земјоделски производи во Градскиот парк во Скопје

November 8, 2025

(ВИДЕО) Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон го повика сирискиот претседател да се приклучи на коалицијата против ИД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk