ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Доделени годишните новинарски награди на ЗНМ

March 5, 2021 14:26
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ
Фото: ЗНМ

Фото: ЗНМ

По повод 75-годишнината од формирањето на Здружението на новинарите на Македонија, денеска беа доделени годишните новинарски награди на ЗНМ.

Наградата „Крсте Петков Мисирков“ за животно дело е доделена на новинарот Александар Чомовски долгогодишен, реномиран новинар кој моментално е дел од Утрински Брифинг. Тој со својата професионална работа во изминатите пет децении се вбројува како дел од врвните новинарски и уреднички имиња во македонските медиуми, со промоција на демократските вредности и негување и почит на новинарските стандарди, го одбележа медиумскиот простор на свој оригинален творечки начин.

Наградата  „Јашар Еребара“ за годишно истражувачко новинарство ја поделија новинарите Христина Ѓорѓиевска за сторијата „Заробените бели дробови на градот“ објавена на дигиталната платформа „Види Вака“ и Јасмина Јакимова, Бојан Шашевски, Емилија Петреска како и Даниел Евросимоски за сторијата во две продолженија „По трагите на Лиса и Филипче, балканските рисови кои обединија три држави” и „Недопирливите убијци на балканскиот рис”,  објавена на радио „Радио Моф“.

Истражувачките стории на темите што ги одбрале новинарите се од исклучително значење во нашата земја и нивната цел е да ја разбудат еколошката свест и за здрава животна средина кај надлежните институции како и кај секој граѓанин на нашата држава.

Новинарот од Куманово Решат Ибраими од „News TV“ со својата видео сторија „Жалосна судбина на невестата од Албанија“ и колешката Александра Максимовска од МИА, дописник исто така од Куманово со својата тема “Правно невидливите лица од Куманово“ ја поделија годишната награда за известување на теми од локално и регионално значење за 2020 година.

Наградените стории сеопфатно ги опишуваат и се обидуваат  да ги доближат до граѓаните проблемите со кој се соочуваат граѓаните во руралните и помалку развиени места во нашата земја.

На јавниот конкурс оваа година во предвидениот рок, вкупно беа поднесени 20 апликации за награди за сите три категории, а членови на Комисијата за избор на наградите беа новинарите Мира Костиќ како претседател и како членови Сашко Димевски и Аднан Ајдари. Здружението на новинарите на Македонија и оваа година искажува голема благодарност до сите заинтересирани новинари како и до Стопанската комора на Северна Македонија која помогна да се обезбедат средствата за овогодинешниот фонд за награди.

Next Post

Пакомак: Северна Македонија рециклира само 19 отсто од стаклената амбалажа годишно

НАЈНОВО

Каде завршува информирањето, а каде почнува пропагандата, што е што во изборен контекст

August 25, 2025

Почнува Баскерфест 2025: Караван на улична уметност со преку 25 артисти на 13 локации во девет градови

August 25, 2025

Во јуни 100 отсто од потрошената струја од домашно производство

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Архитектите и експертската јавност ќе ја предводат ревитализацијата на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk