ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вечерен преглед: Нема барање од Бугарија бугарската етничка заедница да биде вметната во нашиот Устав, ќе се одлучува дали се потребни дополнителни рестриктивни мерки

March 5, 2021 21:10
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Инвеститорите имаа поголема доверба во нашата економија и нејзината перспектива и постигнавме историски најниска каматна стапка од 1,625 отсто, рече Бесими во емисијата „Топ тема“.

Државата ги штити индивидуалните и колективните права и нема да дозволиме, дали поради изборна агенда, дали поради билатерални разлики, некој да ја прикаже државата дека ограничува индивидуални или колективни права. Немаме никаква резерва да ги прикажеме граѓаните така како што се презентираат и не смееме да дозволиме некој да прави кампања дека државата прави притисок, репресија на кој било граѓанин заради својата етничка припадност, изјави Османи.

Министерот за здравство потсети дека овие денови почнале разговори со „Астра Зенека“ за количина од 200.000 дози и додаде оти се разговара за деталите. За кинеската вакцина, Филипче вели дека се разговара за тоа и додаде оти за тоа зема обврска кинеската страна, дека целокупната количина ќе стигне веднаш, но не наведе рок.

Министерот за финансии, Фатмир Бесими денеска одржа средба со претставници на компаниите членки на Асоцијацијата на странски компании со технолошки напредно производство при Советот на странски инвеститори. Беаразгледани клучните иницијативи и предлози во врска со прашања за  даночната и царинската област, што се од значење за унапредување на работењето на компаниите со технолошки напредно производство, а во функција на зголемување на продуктивноста, конкурентноста, но и атрактивноста на земјава за задржување на постојните и привлекување нови инвеститори.

Претседателот Стево Пендаровски не гледа потреба од какви било измени на Уставот.Такво нешто ниту е побарано од бугарска страна, ниту претседателот очекува воопшто да се случи затоа што усвојувањето и евентуалните амандмани на Уставот се исклучиво наше суверено право и надлежност. Во овој момент, претседателот не гледа никаква потреба за какви било измени на Уставот, изјавија за „Слободен печат“ од Кабинетот на претседателот во однос на тоа кој е ставот на шефот на државата за предлогот на министерот за надворешни работи Бујар Османи Бугарите да се стават во Преамбулата на Уставот.

Дали овој тренд на зголемување ќе продолжи или ќе заземе некое плато, односно дали ќе биде слична слика како во ноември. Засега не е. Тогаш исполнувањето на болничките капацитети беше многу побрзо, отколку сега. Но, внимателни сме и затоа модуларната болница кај Инфективната клиника повторно е во функција, болницата Козле е исто така подготвена и ќе ја пратиме ситуацијата следните денови. Заклучно со почеток на следната недела ќе одлучуваме дали се потребни некакви дополнителни рестриктивни мерки или не, нагласи Филипче.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Северна Македонија најдобра во регионот според Индексот на економски слободи на „Херитиџ“

НАЈНОВО

Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

September 16, 2025

Началникот на ГШ на Армијата Лафчиски на конференција на САД-Јадранската повелба (А-5) во Тирана

September 16, 2025
Фото: ДЗС

ДЗС: Изгаснат пожарот во депонијата „Дрисла“ што избувна синоќа

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ја објави листата на кандидати за советници за Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk