Економијата на Северна Македонија, според степенот на економски слободи, е најдобра од земјите во регионот, покажува извештајот за 2021 година на Xеритиџ фондацијата. Според индексот на американската фондација, македонската економија е на 46-то место во светот. Вкупниот резултат на Индексот за економска слобода на Северна Македонија годинава е 68,6 и е намален за 0,9 поени, првенствено, како што велат од Херитиџ, поради падот на трговските слободи.
“Црна кампања може да се води против различни профили на луѓе – политичари, јавни личности, новинари, активисти… Тие никогаш не се започнуваат без причина и зад нив секогаш стои организирана структура која ја започнува и финансира или ја презема „енергијата“ од некоја постојна дискусија или препирка во јавноста и ја насочува во своја корист. Таквите кампањи обично се кријат зад параваните на патриотизмот, идентитетот, грижата за здравјето на луѓето, екологијата, работничките и други права, поточно со секоја тема со која може да предизвикаат и да злоупотребат емоции кај луѓето…” – пишува во својата нова колумна, Џабир Дерала
Во последните 24 часа се направени 3.701 тестирања, а регистрирани се 722 нови случаи со КОВИД-19. Починати се девет лица, сите во болнички услови. Оздравени се 186 лица.
Белата куќа издаде предупредување поради хакерски напади врз системот за електронска пошта „Мајкрософт ексчејнџ“ (Microsoft Exchange). – Ова е активна закана. Сите кои ги користат нивните сервери, од Владата и образовните институции до приватниот сектор, мора да бидат внимателни, изјави портпаролката на Белата куќа Џен Псаки.