ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФЕМИНА

Трипуноска за Фронтлајн: Жените се поиздржливи и подобро се борат од мажите во услови на криза

March 8, 2021 08:44
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, МОЗАИК, ФЕМИНА
Фото: Frontline.mk

Фото: Frontline.mk

Share on FacebookShare on Twitter

Жилави и многу силни во услови на криза, поседуваат одлични квалификации за градење кариера, но  имаат и многи повеќе квалитети како личности во однос на мажите – вака менаџерката на Агенцијата „Марили“, Лидија Трипуноска ги опишува современите жени во бизнисот. Во разговор со Фронтлајн, Трипуноска вели дека за жал, сè уште постојат стереотипи кои на некој начин ја деградираат жената, не само во бизнис секторот, туку генерално, и дека треба сите континуирано да се бориме истите да бидат надминати.

Според Трипуноска, жената многу повеќе треба да се бори и да вложува труд и напори од мажот, за нејзиниот квалитет да биде препознаен и соодветно вреднуван.

Фронтлајн: Според вашите сознанија и искуство, кој е поиздржлив работник, менаџер, посебно во време на криза, како моменталната ковид криза, жената или мажот?

Трипуноска : Сметам дека жените се многу силни и жилави во услови на кризи. Тие пореално се борат и кога комуницирам со жените од клубот, во услови на оваа ковид-криза, го имам впечатокот дека тие го активираа секој свој атом во битката да опстојат, да траат, затоа што жените и потешко и помакотрпно ги создаваат сопствените бизниси и ги градат сопствените позиции во кариерата.

Оттаму, сметам дека жените се поиздржливи и подобро се борат во услови на криза, па и во оваа ковид-криза.

Фронтлајн: Постојат ли уште стереотипи дека жената мора да се однесува и да делува по одредени „правила“. Да не биде „провокативна“, да седи дома, да се однесува по некаков морален столб кој го наметнува околината?

Трипуноска: За жал, колку и да мислиме дека сме ги надминале стереотипите, тие сè уште постојат. Тоа е така особено во помалите и во руралните средини. Сè уште жената ги нема истите права во руралниот сектор, каде нема градинки, забавишта, патишта… кои не ѝ овозможуваат рамноправно да работи во аграрната средина.

Започнат е процесот на подобрување на положбата на руралната жена, особено во правната легислатива каде жената треба да го добие правото на земјопоседник.

Ова се сериозни прашања на кои мора сите да обрнеме внимание и да ги поддржуваме овие процеси.

Лидија Трипуноска – генерална менаџерка на Агенцијата „Марили“

Фронтлајн: Дали жената треба да вложи многу повеќе труд од мажите за да биде препознаен нејзиниот квалитет? Накратко, дали жената уште наидува на многу повеќе препреки за да стигне до целта?

Трипуноска: Да, жената мора да вложи многу повеќе труд од мажот за нејзиниот квалитет да биде препознаен, тоа беше така и пред 25 години, но и денес е сè уште така.

Единствено е намален бројот на препреките од тоа време до денес.

Но, останува фактот дека жените кои градат кариера, а особено во приватниот сектор, покрај квалификациите поседуваат многу повеќе квалитети како личности во однос на машкиот пол.

Фронтлајн: Генерално, можеме да забележиме дека жената е мета на коментари во сите сфери на нејзиното делување, многу повеќе од мажите. Сигурно сте слушнале за групата „Јавна соба“. Можевме да прочитаме многу осудувачки коментари од жени. Колку злонамерните коментари на жените ја спречуваат борбата за родова еднаквост?

За жал, не ретко самите жени се сопка за женските права. Но, примерот на проектите на агенција „Марили“ кои траат 25 години и кои се промоција на жените, како сплотувањето и нивната соработка во рамки на Марили Бизнис Клубот се светла точка која верувам покажува дека е најважно, пред сè, ние жените меѓусебно да се почитуваме и поддржуваме за полесно и побрзо да се избориме за родова еднаквост во сите сфери на општеството.

 Што ќе ѝ порачате на македонската жена?

Трипуноска: Сакам да ѝ порачам на македонската жена да продолжи цврсто да гази по патот на својата еманципација, да ги освојува што повеќе лидерските позиции во бизнисот и сите други сфери, да се сплотува со другите жени во заедничката битка кон сите неправди.

На младите и образовани жени им е отворен и трасиран патот по кој треба да ја понесат силата на промената и напредокот на нашето општество.

Ивана Т. Зафировска

Next Post

Лајен: Од април очекуваме 100 милиони дози месечно

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk