ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: Видео полно со дезинформации ставено во кампања против вакцинацијата

March 8, 2021 10:58
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Видеото го шири познатиот антивакцинален наратив, полуинформации и информации кои се дадени без објаснување и кои имаат за цел да ги претстават вакцините како опасни, мерките како репресија за згаснување на човековите слободи, притоа криејќи го фактот дека вакцината штити од тешките форми и тешката клиничка слика од ковид-19, пишува Вистиномер.мк.

Антивакциналната кампања на Фејсбук со засилено темпо продолжува да дезинформира, да ги наведува граѓаните да веруваат во половичнo и комплетно неточни информации, чија единствена цел е на некој начин да соопштат дека медиумите и властите молчат, не информираат сеопфатно и ги лажат граѓаните. Сега оваа антивакцинална кампања е надградена и проширена и со видео материјали. Видеото што го рецензираме со наслов: „Издвојте само 30 минути пред да се вакцинирате“, започнува многу мистериозно, со осврт на социолошките феномени кои ги предизвика мерката за одржување два метра дистанца. Нараторот кажува како цела година граѓаните бегаат од други луѓе, се оддалечуваат едни од други поради мерката за двометарско растојание, која заедно со маската и миењето раце беше препорачана како превенција од коронавирусот.

Меѓутоа, причината поради којашто властите насекаде во светот, како и Светската здравствена организација, препорачаа да се одржува два метра растојание е тоа што капките од носот и устата на заразено лице, патуваат до два метра при искашлување и можат да инфицираат друго лице кое се наоѓа во непосредна близина. Самата природа на вирусот е таква што бара да се одржува вакво растојание како превентивна мерка.

Изнесувањето на невистини започнува на почетокот на видеото (од 2.17 минута). Прво, се тврди дека во Германија има камп во кој ќе поминете 14 дена само ако влезете на територијата на земјата и дека таму ве чека самица, решетки на прозорците, училишно столче, кревет и мал отвор за храна на вратата.

Ова е невистина. Како што и претходно пишуваваше Вистиномер, станува збор за нова мерка на германските власти, за опремување државни капацитети за оние граѓани кои репетитивно, во текот на повеќе наврати, ја прекршувале мерката за домашна изолација, односно карантин. Вакви капацитети подготвиле некои локални власти за да ги сместат граѓаните кои одбиваат да ги следат правилата поставени од државата за карантин.

Значи, за да заврши во оваа институција, граѓанинот претходно мора да одбил во повеќе наврати да се самоизолира дома откако патувал во високоризична земја, или откако имал позитивен тест на коронавирусот и за овие прекршувања мора да има доказ. Полицијата потоа ќе го посети дома и парично ќе го казни. Само после спроведувањето на сите овие акитвности, со судска наредба ќе можат да бидат испратени во објектот во Нојмунстер. Во периодот на пишувањето на рецензијата на оваа тема, никој не беше испратен во ваква институција и се уште не беше јасно дали тие воопшто ќе профункционираат.

Но, ова во видеото не се наведува, туку напротив лажно се тврди дека ,,единствениот злостор кој ќе треба да го направите за да завршите тука е да влезете во Германија”, на таков начин дезинформирајќи ја јавноста.

Понатаму во видеото (3,03 минута) се вели ,,Еве го управителот на Аушв… хотелчево”. На ваков начин нараторот сака да ја доведе во корелација оваа мерка со концентрационен камп, иако на сликата е претставен  Шонке Шулц, претставник на локалниот совет во Нојмунстер, кој инаку, не е управител на институцијата. Шулц пак, тврди дека во овие локации лицата кои ќе го прекршат правилото за карантин, ќе можат да гледаат телевизија, да имаат лаптоп, телефони, лекарска поддршка, кревет, доволен простор да се движат, односно нивните услови нема да се разликуваат многу од домашните.

Забележливо е и тоа што мерката во странство, поконкретно во Германија, граѓаните прекршители на карантинот да се стават во изолација на ваков начин, се доведува во директна корелација со вакцинацијата, што е неосновано и нема врска едно со друго.

Понатаму, од 4.20 минута од видеото се наведуваат несаканите ефекти од вакцината на Фајзер, кои ги објавил американскиот центар за контрола и превенција на болести. Но, не се кажува дека од дури 63 милиони вакцинирани во САД, од 14 декември 2020 година до 21 февруари 2021 година, починале 1.099 лица што е 0.0015 проценти смртност. Како што вели американската агенција за контрола и превенција на болести, вакцината е безбедна.

„До денеска, не сме забележале патеки на предизвикување на смртта, кои би индицирале безбедносен проблем со ковид-19 вакцината, пишува на официјалната страница на центарот.“

Понатаму во видеото се наведува дека во Норвешка кратко по администрирањето на првата доза од фајзеровата вакцина 29 лица починале. Меѓутоа, Штајнер Мадсен, лекар во норвешката агенција за лекови, за „Евроњуз“, коментирајќи ги овие случаи во старските домови, забележа дека ,,смртните исходи се многу многу ретки и повеќето се случиле кај многу кревки луѓе, со сериозни претходни заболувања”.

Нараторот тврди дека опасноста од вакцината е поголема од опасноста да заболите од коронавирусот. Исто така, додава, откако ќе се вакцинирате не станувате имуни на вирусот и уште можете да го пренесувате. Меѓутоа, не кажува нешто многу важно, а тоа е дека вакцината штити од тешката форма и тешката клиничка слика од ковид-19, многу битен факт кој не може да се побие. Израел, земја најдалеку стигната со вакцинацијата од сите земји во светот, тоа го потврдува и од своето искуство. Бројот на новозаразени опаднал по вакцинацијата во Израел, а смртноста се намалила за 98 проценти, факти кои нараторот ги изоставува.

Со други зборови, вакцината штити од тоа да се разболите со сериозна клиничка слика од ковид -19.

Понатаму, во 14.44 минута од видеото се вмешува и Бил Гејтс, со тоа што се тврди дека сака да го запраши сонцето и да го блокира, а за ова нараторот цинично и иронично вели дека нема никаква врска со тоа што витаминот Д од сонцето е наш најголем пријател во борбата против вирусите.

Сепак, оваа акција, финансирана од Гејтс, е поврзана со глобалното затоплување, поддржана е од Университетот од Харвард, а акцијата почнала долго време пред појавата на коронавирусот.

Многу поважно за граѓаните на Република Северна Македонија е тоа што се тврди во 16,12 минута  од  видеото, – дека кинески научник по име Тао Лина, кажал оти вакцината на „Синофарм“, којашто и Македонија ќе ја набави во 200 илјади дози, има 73 реакции. Меѓутоа, постот бил сатиричен и саркастичен, затоа што ова детално набројување на реакциите, според Лина, може да ги предизвика лицата што се против вакцинацијата злонамерно да го употребат тоа за да поставуваат прашања за нејзината безбедност. Што, всушност, и се случува во видеото што го рецензираме.

Потоа е претставено и видео од техно забава во Вухан, каде никој не носи маска и не одржува дистанца. Прекршувањето на мерките во Вухан, не значи дека нема пандемија и не значи дека од неа нема смртни случаи и дека тоа на некој начин е поврзано со вакцинацијата. И во Македонија има места на кои се прекршуват мерките, има активни случаи и има смртни случаи од коронавирусот.

Во 28-та минута се тврди дека поранешен вработен во Фајзер кажал оти не е потребна вакцина за ковид-19. Точно е дека Мајкл Јидон, кој во Фајзер не работи веќе 9 години, го кажал тоа, но не значи дека е вистина оти вакцината не е потребна.

Дури и во 33 минута и 20 секунда се прави обид индиректно да се поистовети коронавирусот со грип, преку поставувањето на прашањето каде е грипот годинава и каква дијагноза ќе ви одредел лекарот ако во 2019 година сте отишле кај него со температура и кашлање. Коронавирусот и грипот се различни. Оваа сезона грипот е за 92 проценти намален во споредба со лани. 

Мерките за заштита од ковид-19 придонесоа за намалување и на бројот на заболени од сезонски грип. Со вакцина против сезонски грип вакцинирани се 39.488 лица, таа е најефикасната заштита од ова заболување, рече министерот за здравство Венко Филипче објаснувајќи го падот на бројот на заболени од грип.

Видеото го шири познатиот антивакцинален наратив преку полуинформации и информации кои се дадени без објаснување и кои имаат за цел да ги претстават вакцините како опасни, мерките против ковид-19 како репресија за згаснување на човековите слободи, притоа криејќи го фактот дека вакцината штити од тешките форми и тешката клиничка слика од ковид-19.

 

Next Post

Филипче: Предложивме воведување на полициски час, апелирам на дисциплина којашто во моментов ни е најпотребна

Shortcut

Најново

Stylish Caucasian Female Project Manager Works Diligently on Laptop,Surrounded by Virtual Social Media and Connectivity Icons in a Modern,High-Tech Office Environment

ЦИВИЛ за Орбановиот медиумски блицкриг: Остра анализа за гушењето на слободните медиуми во Србија

August 18, 2026
Прием по повод отворање на Сараевскиот филмски фестивал (SFF), 14 август 2026 (фото извор: Obala Art Centar)

Блесок и ангажирана уметност: Преглед на 32-то издание на Сараевскиот филмски фестивал

August 18, 2026

Поскапуваат горивата: Дизелот од полноќ се зголемува за 6,5 денари, бензините за 4,5

August 17, 2026

Борозан: Зошто се крие документот за водата во Гостивар и кој гарантира дека е безбедна?

August 17, 2026

Мисајловски на свечен собир по повод Денот на Армијата: Работиме на повисоки плати и подобри услови за вработените

August 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk