ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Биљана Тануровска: Со новиот Закон за култура може да се подобри независната култура

March 10, 2021 14:08
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

По објавувањето на веста дека двете организации Театар Навигатор Цветко и Локомотива кои го развиваа „Кино Култура“ како културен центар, го напуштаат просторот заради финансиски причини, Биљана Тануровска Ќулавковски, раководителка на Локомотива во Утрински брифинг, вели дека не се врзуваат за зградата, но ќе бараат други решенија каде ќе можат да ги работат своите програми од сферата на современите изведувачки уметности и култура. Се надеваат дека и новиот закон за култура кој е во собраниска процедура ќе може да им помогне во остварувањето на овие идеи.

„Со донесувањето на новиот Закон за култура постојат можности да се промени положбата на независниот културен сектор, но за тоа требаи политичка волја. Се надевам дека ќе се најде политичка волја и соработка од страна на Министерството и министрката за култура затоашто на тој закон, во работните групи влегоа неколку колеги од иницијативата „Културата е насловна страна на општеството“ и работевме на механизмите за поддршка на независната културна сцена, а од друга страна, работевме и на проширување на правилникот за слободен уметник да бидат вклучени и културните работници. Она што денеска го гледаме е, би рекла, недолични услови за работа и работнички права на оние коишто работат на оваа сцена. Чинам дека еден до двајца се вработени затоа што не постојат можности или се вработени на друго место а дејствуваат професионално на сцената сè со цел да придонесат за развој на една современа нова култура која е можна во граѓанскиот сектор. Од механизмите на новиот закон, според мене, најзначаен е дека независната културна сцена може да се поддржува долгорочно, како и во некои други држави на Балканот. Таков е случајот во Словенија, а во Хрватска има уште подобар начин на финансирање на сцената преку посебна фондација за граѓанскиот сектор и независната културна сцена, „Култура нова“, вели Тануровска Ќулавковски.

– Значајно е што со овој нов закон за култура ќе се овозможи континуитет, како и да се поддржат и куратори, истражувачи, теоретичари, продуценти, оние кои се занимаваат интерсекторски со културата и затоа се надевам дека овој закон што поскоро ќе биде донесен“, вели за Утрински брифинг, Биљана Тануровска Ќулавковски, раководителка на „Локомотива“, културен менаџер и куратор.

Next Post

Набавката на софтверот не е без причина, постои писмена комуникација меѓу Генералниот секретаријат и МВР, вели премиерот

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk