ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Со системот на е-даноци нема да има човечки фактор при собирање на данокот, вели вицепремиерот Николовски

March 10, 2021 15:13
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со дигитализацијата и имплементирање на системот на е-даноци, нема да има општини во кои ќе има човечки фактор и ќе зависи од тоа дали има одделение, дали имаат ресурси, сакаат или не сакаат да ги испорачуваат решенијата и да го собираат данокот. По усвојувањето на Планот за борба против корупцијата, го детектиравме ова прашање и енергијата ќе биде насочена кон елиминирање како системски проблем или слабост, изјави вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски, одговарајќи на новинарско прашање за ненапланетот данок на имот во Арачиново.

Николовски, нагласи дека, за процесот веќе имаа поддршка и од Заедницата на единици на локална самоуправа – ЗЕЛС и од Владата.

– Со ЗЕЛС и директорката и претседателот, точно уште минатата недела, пред оваа тема да биде објавена, ги детектиравме слабостите и договоривме активности во делот на заедничко имплементирање и на системот на е-даноци, каде што нема да има човечки фактор. ЗЕЛС дава поддршка на процесите, кои што ги отвораме, на дигитализација, на истражни центри, на систем за пријавување случаи каде не се постапува, за системот за следење на предмети, за укинување на изводот од матична книга. Лично сметам дека целиот овој проблем или слабости во системот ќе биде решен, доколку се воспостави еден таков електронски и дигитализиран систем на даноци, каде општините ќе мора да ги испорачуваат решенијата за данок на имот и останатите даноци под нивна надлежност и дека нема да имаме селективност, изјави Николовски.

Многу работи, нагласи тој, на некој начин ги правиме првпат по 20 или 30 години.

– Ние веќе објавивме листа на транспарентност на општините, затоа што како Влада донесовме заклучоци, за да го мониторираме делот на препораки, кои што се од Законот за информации од јавен карактер, а се однеусваат на општините. Токму во тој извештај, се опфатени и рангирани општините со висока, средна и ниска транспарентност. Општините, кои што немаат веб страни, кои што не ги објавуваат овие 22 различни типа на документи и мислам дека тоа ќе биде корисна алатка што сега ја применуваме на сите други државни институции, изјави Николовски.

Нашата и моја улога, нагласи Николовски, е да работиме на системските слабости кои што сме ги детектирале во рамки на институциите, посочувајќи, дека тие не постапуваат по предмети.

– Ние имаме ингеренции да ги коодинираме инстутуциите, системски да ги зајакнеме инструментите и мерките за борба протов корупцијата и криминалот, изјави Николовски.

Директорката на ДКСК Билјана Ивановска, рече дека очиглено во овој случај не се покриени двата ризика – за целосно и навремено прибирање на приходите и дека УЈП требала тоа да го има предвид.

– Не сме имале предмет, но сметам дека тука Управата за јавни приходи треба да излезе на терен и да види што се случува, дотолку повеќе што системот е дизајниран, меѓутоа проблемот се јавува во функционирањето. Едно е ова што го кажува вицепремиерот, меѓутоа кај нас е проблемот и со неказнивоста, што и кој ќе ја надомести штетата што е веќе настаната, изјави Ивановска.

извор: МИА

Next Post

Алаѓозовски: Одговорноста за успешен Попис 2021 е на сите. Релевантни податоци ни се потребни за идните макроекономски планирања на развојот на земјата

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk