ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Каракачанов објави список од „истакнати“ имиња од С. Македонија, што имаат бугарски пасош врз основа на декларирано бугарско потекло

Каракачанов ги издвојува имињата: Александар Николоски, Антонио Милошоски, Александар Пандов... Знам дека на многумина не им е лесно јавно да се откриваат и јавно да се декларираат како Бугари, но знам и затоа што некои од нив ги познавам лично, дека тајно ја сакаат Мајка Бугарија и сонуваат, како што рече големиот водач на ИМРО Тодор Александров, „обединување на целото бугарско племе“, напиша Каракачанов

March 11, 2021 11:30
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СКАНДАЛИ
Share on FacebookShare on Twitter

„Деновиве ги ископав веб-страниците на бугарските општини и доволно е да се погледне објавениот список на избирачи за да се најдат многу интересни имиња, сите луѓе од Северна Македонија, кои стекнаа бугарско државјанство врз основа на декларираното бугарско потекло и се идентификуваа како етнички Бугари.“, објави на Фејсбук бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов.

Повеќе од 120.000 граѓани на Република Северна Македонија во својство на бугарски граѓани ќе имаат право на глас на претстојните парламентарни избори. Избирачките списоци, во кои се запишани сите бугарски граѓани, се информации од јавен карактер и секоја бугарска општина е обврзана со закон да ги објави, физички и на Интернет, сите оние кои имаат право на глас – живеат на нејзина територија, пишува Каракачанов.

Над 120 000 граждани на Република Северна Македония в качеството си и на български граждани ще имат право да гласуват на…

Posted by Красимир Каракачанов on Wednesday, March 10, 2021

 

Каракачанов во објавата наведува имиња и додава дека секое совпаѓање на имиња со луѓе кои имаат водечки политички и јавни функции во Македонија може да биде и случајно.

Меѓу случајните имиња на кои наидов пишува Каракачанов се , на пример:

Александар Николоски – запишан во областа Средец – Софија,

Антонио Милошоски – запишан во областа Вазараждане – Софија,

Александар Пандов – Средец,

Никола Мицевски – во Ќустендил

Стефан Андоновски – Ќустендил

Марија Андоновска – Благоевград,

Љупчо Димовски – Ќустендил

Бојан Стојановски – Благоевград,

Иван Јорданов – Ќустендил

Игор Здравковски – Ќустендил

Марија Петрушевска – Средец,

Дајанчо Ефтимов – Благоевград,

Здравко Трајанов – Благоевград,

Петар Богојески – Обориште,

Филип Петровски – Средец,

Стевица Јанева – Петрич,

Тало ​​Груевски – Благоевград.

„Ако овие луѓе се оние на кои мислиме, се надевам дека и тоа е во ред. Сакам да верувам дека повеќе не е кривично дело против „македонската чест“ ако македонски политичар, јавна личност или близок роднина се изјасни слободно и како етнички Бугарин без да биде навреден, или исмеван заради тоа. Знам дека на многумина не им е лесно јавно да се откриваат и јавно да се декларираат како Бугари, но знам и затоа што некои од нив ги познавам лично, дека тајно ја сакаат Мајка Бугарија и сонуваат, како што рече големиот водач на ИМРО Тодор Александров, „обединување на целото бугарско племе“. Освен право на глас, сите овие „истакнати“ македонски Бугари, како и другите над 120.000 бугарски државјани во Македонија, имаат право на бесплатна вакцинација против КОВИД-19, како и еднаков пристап до здравствениот систем на Бугарија и целата ЕУ. Ова е вистинска солидарност на татковината Бугарија кон нејзините бројни граѓани – Бугари кои живеат и во Македонија и низ целиот свет.„, се наведува во објавата од Каракачанов.

J. Ѓ.

 

 

 

 

Next Post

Пладневен преглед: Сеќавањата на жртвите од Холокаустот е наша должност, вели Заев, Каракачанов објави список на „истакнати“ имиња од С. Македонија што имаат бугарски пасош врз основа на декларирано бугарско потекло

НАЈНОВО

Фудбалски стадион на Јувентус

Јувентус му врачи отказ на Тудор

October 27, 2025

Мицкоски: Апсолутно е неточно дека постои разговор за коалиција со Рамиз Мерко, некои портали креираат сензација

October 27, 2025

Европската Комисија објави конкурс од 13,8 милиони евра за прекугранична новинарска соработка и медиумски плурализам

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk