„Поради позитивниот тест и мојата состојба со КОВИД 19, по препорака на докторите изминативе десеттина дена бев хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје. Веќе се чувствувам подобро и од вчера сум на домашно лекување, ги следам советите на медицинските лица и овие денови моите работни обврски ќе ги извршувам од мојот дом.“, објави на Фејсбук градоначалникот на Општона Центар, Саша Богдановиќ.
Тој апелира да се почитуваат здравствените протоколи и препораките од надлежните институции, да се носат заштитни маски, да се одржува дистанца, водете сметка за личната и да нема групирања.
„Само со одговорно однесување и со почитување на сите мерки и препораки ќе го победиме ова опасно зло наречено коронавирус!“, нагласува Богдановиќ.





