ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

„Фискален бројач“ – нова алатка за транспарентност на МФ, која има цел да даде дневен увид во државната каса

March 14, 2021 11:24
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

„Фискалниот бројач“ е новата алатка за транспарентност на Министерството за финансии со високофреквентни податоци, која на дневна основа ги прикажува приходите, расходите во буџетот и извршувањето на капиталните расходи, додека на месечна основа го прикажува државниот долг, соопшти денеска МФ.

Целта на оваа алатка, објавена на веб-страната на Министерството, се додава во соопштението, е понатамошнa отвореност на буџетот кон јавноста, за да се постигне уште повисоко ниво на фискална транспарентност.

-Фискалната транспарентност е највисокиот степен на контрола на јавните финансии, бидејќи на располагање се ставаат информации кои креираат јавно мислење, кое пак има висок степен на корективна моќ. Креирањето на подобар систем на јавни финансии се состои, меѓудругото, и од постојани активности во насока на подигање на фискалната транспаретност. „Фискалниот бројач“ е алатка која придонесува во оваа насока. Таа на дневна основа го прикажува полнењето на државната каса, како и расходната страна на буџетот, односно кумулативот од почетокот на годината до конкретниот датум на објава, како и степенот на реализација во однос на планот. Исто така, алатката дава високофрекфентни податоци за извршување на капиталните расходи и на тој начин прави притисок на сите институции за подобра реализација. Бројачот дава можност и за следење на државниот долг на месечна основа – податок кој досега се објавуваше на квартално ниво. Сумарно, со оваа алатка се обезбедуваат високофрекфентни податоци кои претходно не и биле достапни на јавноста, а  со цел подобар увид во полнењето и трошењето на средствата од државната каса, вели министерот за финансии Фатмир Бесими.

Во соопштението Министерството најавува дека наскоро ќе излезе и со нова алатка која ќе креира поголема предвидливост во деловното окружување од аспект на законската даночна регулатива – ќе биде објавен Даночен календар, односно план на законски измени во даночната регулатива, идеја која произлегла од континуираниот дијалог со коморите.

извор: МИА

Next Post

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 587 пациенти, слободни кревети има

Shortcut

Најново

Од ладна резерва до рекордна добивка: Што се случи со ТЕЦ „Неготино“ во кризата?

August 30, 2026

ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

August 30, 2026

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Триесет часа руски напад врз цивилите во Украина: Расте бројот на жртвите, најмалку 37 загинати

August 29, 2026

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

August 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk