ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заборавени правила на однесување од 19. век во поглед на љубовтa

March 16, 2021 10:06
in LIFESTYLE, ДЕНЕС
Фото: Jan Preisler, Lovers, Wikimedia Commons

Фото: Jan Preisler, Lovers, Wikimedia Commons

Иако поприлично се оддалечивме од 19-от и почетокот на 20-от век, и сексуално, и емоционално, и социјално и во секој друг поглед, за некого ќе биде занимливо да се потсетиме на некои „заборавени“ правила на однесување, на пр. во поглед на љубовтa.

Во книгата „Сексуални совети за сопружници“ од 1894 година, напишана од Рут Смитерс, сопруга на свештеникот Л.Д. Смитерс, има многу „практични совети“ за млади невести, коишто денес може да послужат само за хумор. Следат неколку совети за жените…

1. Отфрли го! Ако не одбиете маж, тој ќе бара секс секој ден. Затоа, не заборавајте да се спротивставите.

2. Пасивност или како да избегнете бакнеж? Ако маж се обиде да ве бакне во уста, свртете ја главата настрана за да ве бакне во образ.

3. Облекувајте се исклучиво, во вашата соба. Тоа, за да оставите впечаток на мистерија… Бидете подготвени кога тој ќе пристигне и не дозволувајте да Ве чека. Поздравете го со насмевка.

4. Без голотија! Никогаш не излегувајте голи пред сопругот, затоа што ќе разбудите желба кај него без никаква потреба.

5. Преправај се дека си мртва! Доколку најпосле дојде до секс, најдобро е да го сторите тоа во целосен мрак. Препорачливо е и да се преправате дека сте мртва, затоа што секое, па и најмалото движење може да посочи дека навистина уживате во сексот.

6. Романса? Не доаѓа предвид! Не треба да има романса во сексот, и сопругата би требало да ја крева наметката само до колковите.

7. Задолжителен разговор. При односот, најдобро е да се молчи. Но, можете и да разговарате, ама не за што било… Најдобро е да се зборува за домашните работи, и тоа непрекинато.

8. Ако ви пристапи со „гадоста“, ја вртите главата… Мажите по природа се изопачени, па ако тој се обиде да ја приближи својата „гадост“ до Вашата уста, Вие само свртете ја главата настрана.

9. Внимавајте каде ве бакнува и трчајте кон тоалетот! Ако се обиде да Ве бакне каде било освен на образот, брзо спуштете ја ноќницата или наметката, извинете му се и кажете му дека итно треба да одите во тоалет.

10. Не дозволувајте да заспие! Спречете го вашиот сопруг да спие мирно по сексуалниот однос. Жалете му се, па и потсетете го на сè што треба да стори следниот ден.

11. Исклучете ги светлата. Ако веќе не можете да избегнете однос, исклучете ги сите светла во собата.

По сè, изгледа тоа биле различни времиња, но некои од овие совети оставиле своја трага и денес… Следат уште неколку од нив.

12. „Ме боли главата“. Најдобро е да одглумите главоболка или мигрена еден час пред да одите в кревет.

13. Мажите не сакаат девојки кои позајмуваат марамчиња од нив и оставаат трага од кармин на нив. Шминкајте се во приватност, на место каде што никој не Ве гледа.

14. Не зборувајте додека танцувате. Кога мажот танцува, тогаш тој сака само да танцува.

15. Не бидете премногу интимни со вашиот придружник со тоа што ќе го допирате во јавност. Секое отворено покажување наклонетост се смета за лош вкус и затоа го срамите и понижувате.

16. Не комуницирајте премногу со другите мажи.

17. Носете градник.

18. И, конечно – почитување на тенката граница помеѓу „зашеметеност“ и „пијанството“. Тоа е исто толку паметна идеја денес, како што била, на пр., и во 1938 година.

извор: МИА

Next Post

Прв онлајн регистар на е-трговци, проверете каде купувате

НАЈНОВО

Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

August 19, 2025

„Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

August 19, 2025
Фото: Ви

Швајцарија ќе му даде имунитет на Путин ако дојде во земјата на мировни преговори

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk