ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Попладневен преглед: Заев порача институциите да го истражат случајот со набавката на софтвер од Рашковски, 24 починати и 1.293 нови ковид случаи…

March 17, 2021 17:38
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Регистрирани 1.293 нови случаи на Ковид 19, починати се 24 лица. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 115.222, бројката на оздравени пациенти е 99.015, на починати е 3.388, а бројот на активни случаи изнесува 12.819.

OJO Гостивар бара притвор за мајката чие дете врзано со синџир загина во пожар. Осомничената, во текот на 2021 година, со груба повреда на своите законски семејни обврски го малтретирала своето дете на возраст од 7 години, кое го врзувала со ланец и катанец за креветот. На 16 март, во станот во кој престојувало семејството избувнал пожар, a затоа што било врзано за креветот детето не успеало да го напушти домот и го загубило животот, информираат од гостиварското обвинителство.

Кривична пријава за ширење на расистички и ксенофобичен материјал на социјалната мрежа „Тик Ток“.

Евростат: 7.147 граѓани на Северна Македонија во 2019 добиле државјанство на ЕУ. Повеќе од 706.000 луѓе во текот на 2019 година добиле државјанство на некоја од земјите на ЕУ, а меѓу „новите Европејци“ приближно секој десетти потекнува од Западен Балкан, покажаа податоците на европската статистичка агенција Евростат.

Заев: Институциите да го истражат случајот со набавката на софтвер од Рашковски. Порача дека секој којшто се огрешил на законот или, како што вели, има барем неетичко постапување во делот на кругот на своето работење, тој како премиер директно ќе преземе понесување одговорност, за какошто вели, таквиот човек и ќе побара негова оставка или негово разрешување.

Русковска: Обвинителството веројатно ќе отвори предмет, ако ниту еден орган не ги расчисти сомнежите за софтверот на Рашковски.

Нова инвестиција од над 40 милиони евра во 30 MW ветерна електрана во Општина Богданци, најави Заев. Премиерот, заедно со инвеститорите словенечката компанија „Интеренерго“ и „Тригал”, како и со градоначалникот на Општина Богданци Блаже Шапов ги истакнаа придобивките од проектот чија цел е обезбедување на чиста еколошка електрична енергија.

Ахмети-Гир: Не сме далеку од договорот со Софија. Ахмети оцени дека не сме далеку од договорот со Софија и дека страните ќе ги почитуваат преземените обврски, треба да се пристапи кон разликите и да се надминат што е можно побрзо за да започнат преговорите за членство во Европската Унија, стои во соопштението од ДУИ.

Талевски: ВМРО-ДПМНЕ глумат загриженост, а во Собранието кочат мерка за исплата на шест милиони евра кон тутунопроизводителите. Талески истакна дека за разлика од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ во изминатите години покажува грижа за сите земјоделци особено за тутунопроизводителите и тоа е потврдено со официјални податоци.

Вработени од прилепскиот музеј реагираат на, според нив, незаконски отказ на колега. Според вработените, на нивниот колега Цветан Цветковски, вработен како возач, по 18 години работа му е врачено решение за отказ, без реална и оправдана причина, но и без отказен рок. Убедени се дека нивниот колега на ниту еден начин не ги нарушил работниот ред и дисциплината.
Во Хрватска почина 12-годишно девојче како последица од ковид-19. На денешната прес-конференција на Кризниот штаб, речено е дека штотуку ја примиле веста за девојчето кое починало од Ковид-19, дека тоа имало тежок кардиолошки проблем.
И. Т. З. 
Next Post

Д-р Кунгуловски: Британскиот сој е посмртоносен

Shortcut

Најново

Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

СДСМ бара Национален оперативен штаб и конкретни мерки за заштита од западно-нилската треска

August 13, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk