Сите гниди и тивки евнуси во моментот ги живеат своите пет минути слава преку персонал револушни. Брееј шо помодарство искочи ова еј! Истите тие плутачки нешта кога беше критично во државата збор не гукнаа против автократското дивеење на братучедите ниту пак им пречеа загадените институции или гангренозното судство, туку масовно не блокираа на фејсбук за да не ги пикираат како пријатели со проблематичните.
Не им пречеше шугавото здравство ни мртвите родилки и бебиња.
Не им пречеше висината на минималецот, блокираните сметки на нивните комшии и сограѓани.Не им пречеа легалните рекети и преземања на разработени фирми преку ноќ.
Не им пречеше таткото кога го продаваше бубрегот за да го спаси детето.
Не им пречеше апсолутно ништо. Дури ни воздухот пошо им беше ароматичен. Се правеа слепи и глуви се до сега кога зрната грашок одеднаш им пораснаа во тестиси небаре се од бајката „Џек и волшебниот грав” па дури и глас пуштаат „преку мене мртов!”
Абе луѓенца ситнички. Македонија е четири саати вожња хоризонтално и вертикално. Се знаеме од прилика скоро сите у оваа забитачина. Посебно во памет ми се врежани овие минијатури кои сеа ми искачаат со лист на бина и на висок тон нешо кобајаги бараат. Имаат барања де. Сонцето, месечината, плимата и осеката.
Како не ви е срам?
Кај го опериравте срамот или такви се раѓате мајке ми.
Абе нешо ко не чини, не чини било кој да е на власт ферштен? Со проблемот за прв пат се среќавате, или ви запали сијалицата оти сеа му е мајката да истакнете тестостерон.
Провидни сте како двослојна тоалетна хартија од поефтините. Абе смешки сте.
Идете играјте си по дома витези и принцези и не понашајте се како хемороиди, аманте.
Даниела Јашкова