Сè е подготвено за првите директни внатрепартиски избори коишто на 21 март, ги организира токму СДСМ. Во 80 општини ширум земјава, во секоја Општинска организација на СДСМ, в недела ќе бидат отворени гласачките места, СДСМ е и ќе биде прва во промените! – напиша Николовски.
Зошто Христијан Мицкоски ниту збор не искоментира за приведувањето и за притворот на Орце Камчев Нема никаков коментар ниту на ФБ страницата на ВМРО-ДПМНЕ. А за „путерот“ веќе имаат две соопштенија. За притворот на Орце Камчев коментар нема ниту Димитар Апасиев. Иако тој секојдневно коментира за сè – ништо не прескокнува, вели Ацо Лукароски.
Заев на состанок со Асоцијацијата на странски компании. Приоритетите се во неколку клучни области во делот на царински стапки за увоз, инфраструктура, даночни политики, инвестициски трошоци, подобрување на законска регулатива како и останати прашања во насока на унапредување на секојдневното работење на компаниите.
Директорот на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге вели дека Владата на Република Северна Македонија направила сè што треба не само за набавка на вакцини против Ковид 19, туку целосно е подготвен и здравствениот систем за имунизација. Тој бара малку трпение, и соопшти дека со министерот Филипче се во постојан контакт.
По разрешувањето од функцијата директор на струшката Општа болница, доктор Мухамед Асани преку фејсбук-статус се обрати до јавноста, во кој тврди дека одговорно ја извршувал својата работа и оти совеста му е чиста.
Притвор во траење од триесет дена определи судија на претходна постапка од Основниот суд Гостивар на мајката чие дете настрада во пожар во стан во Гостивар. Таа вчера беше лишена од слобода под сомнение дека го врзала седумгодишниот син со синџир за нозете, што го отежнало неговото спасување од огнената стихија.
Дали ќе се одржува пописот или не, на кој начин ќе се одржува, е политичка одлука, а не на Комисијата за заштита од заразни болести, вели првиот човек на ова советодавно тело на Министерството за здравство, Жарко Караџовски.
ФРОНТ:
„Последниот шинобус“ за Зоран Заев– пишува Сашо Орданоски/ ЦИВИЛ МЕДИА
„Борбата против фашистите е вечна“– пишува Перо Арсовски / ЦИВИЛ МЕДИА
М. Миткоска







