ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бесими: Заеднички ќе работиме на нов закон што ќе ја унапреди сметководствената професија

March 18, 2021 14:24
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Нов Закон за сметководствени работи, којшто ќе биде во согласност со директивите на ЕУ и со европските практики во насока на унапредување на сметководствената професија, се изготвува во соработка со стопанските комори. Министерството за финансии, низ инклузивен процес на соработка со коморите и други засегнати страни во којшто тие ќе можат да дадат свои видувања и предлози за целокупниот процес, работи на нов закон којшто ќе овозможи одржлив развој и саморегулација на сметководствената професија, воспоставување и спроведување професионални стандарди и заштита на јавниот интерес.

Во оваа насока, како што соопштуваат од Министерството за финансии, денеска е одржан состанок со сите засегнати страни.

– Верувам дека целта ни е единствена, односно, во еден заеднички процес на соработка да ги утврдиме решенијата што ќе бидат во интерес на сите ваши колеги, на оние што сакаат или ќе сакаат да се занимаваат со оваа професија, како и во интерес на сите оние што ги користат сметководствените услуги. Притоа, имаме обврска решенијата да бидат во согласност со единствените европски правила во однос на давањето услуги и меѓународно прифатените стандарди во оваа област. Со новиот закон потребно е да се обезбеди слободен влез во сметководствената професија, истакна министерот за финансии Фатмир Бесими.

Притоа додаде дека е потребно континуирано да се унапредува процесот на професионално усовршување, согласно со меѓународно прифатените стандарди и да се овозможи поголема инклузивност и транспарентност во работењето на Институтот за сметководители и овластени сметководители.

– Со новите одредби, Институтот ќе започне и во континуитет ќе има обврска да ги преведува меѓународите стандарди за финансиско известување и ќе ги воспостави потребните стандарди за влез на Институтот во ИФАК (IFAC), нагласи тој.

Нацрт-законот, како што информира министерот, ќе биде доставен до коморите во текот на следната недела, при што ќе се очекуваат коментари и предлози од страна на коморите до крајот на март пред  да биде објавен на ЕНЕР.

извор: МИА

Next Post
Фото: МИА

Камчев побара да биде изземен како сведок зашто му бил нарушен кредибилитетот

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk