ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пратениците ја завршија расправата за заемот за проектот за брз автобуски превоз во Скопје

March 18, 2021 14:28
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Собранието заврши расправата по Предлогот на закон за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за финансирање на проектот „Воведување на брз автобуски превоз во Град Скопје“, по скратена постапка, а пратениците ќе гласаат по него кога ќе се создадат услови. Пленумот продолжи со работа по точки од дневениот ред од 30. седница.

Пратениците за време на расправата дебатираа за тоа дали на Скопје му е потребен ваков превоз, за што ќе биде земен заем од 70 милиони евра, а ќе го плаќаат граѓаните на целата држава, зошто проектот до Собранието се доставува на крајот на мандатот на градоначалникот, а не на почетокот… Опозициските пратеници од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека проектот не е добар за главниот град, додека за претставниците на владејачките партии вакво нешто му е потребно на Скопје.

Пратеничката Гордана Силјановска Давкова зборувајќи за проектот рече дека вакви проекти не се предлагаат на крај на мандатот и тие не треба да бидат на товар на сите граѓани во државата. Како пример ја посочи Софија, која метрото го изградила со заем, што го исплаќале само жителите на градот. Таа исто така смета дека треба да се преиспита организацијата на Скопје, кој има десет општини и излегува дека е „еден од најдолгите градови“.

Давкова Силјановска забележа исто така дека иако тие кои се денеска на седница дебатираат за законот, него ќе го носат други пратеници кои не се присутни и нема да зборуваат за него.

На ова претседателот на Собранието Талат Џафери одговори дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не сакаат „да прават кворум“ и затоа законот не може да се донесе и оти причина за тоа не се отсутните пратеници.

Диме Велковски од СДСМ и реплицираше на неговата колешка од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ дека проектот не се поднесува на крајот на мандатот, бидејќи на него се работи неколку години и е влезен во Буџетот.

– Дали граѓаните заслужуваат брз автобуски превоз? Треба да бидете коректни и да кажете дека се прават добри работи, а вие зборувате само за задолжувања, рече Велковски.

Давкова Силјановска одговори дека во Собранието проектот е пристигнат во ноември 2020 година и оти кога закоот би се носел во редовна постапка, а не во скратена, би можеле во Собранието да се поканат и експерти кои ќе зборуваат за неговата оправданост и од стручен аспект.

Пратениците од опозицијата од другите градови зборуваа за состојбата со автобускиот превоз во нивните опоштини, а тема беше и пандемијата со Ковид-19, задолжувањето, како и работата на сегашните и поранешните градоначалници во контекст на локалните избори на есен.

извор: МИА

Next Post

Средба на министерот Спасовски со претставници на невладината „Автомобилност“

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk