Најмалку 25 лица загинаа во поплавите по монсунските дождови кои потопија области во низините на јужната индиска држава Тамил Нада.
Во градот Комбаторе под удар на силни дождови падна ѕид и при тоа загинаа 17 лица. Уште осуммина го изгубија животот на 29 ноември во други инциденти поврзани со невремето, јави индиската агенција.
Според тврдењата на хидрологот во Ченај, главниот град на Тамил Нада, ситуацијата сега е под контрола.
Повеќе од 250 луѓе загинаа во налет на монсуните во таа индиска држава во 2015 година, потсетува АП.