ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Лицата со попреченост да бидат активни чинители, а не само пасивни приматели на услуги

Отстранување на сите видови бариери, меѓу кои и физичката непристапност до институциите, поголема инклузивност во образованието, пристап до здравствени услуги, поширока употреба на толковниот јазик и браевото писмо, развој и поголема достапност на нови сервиси за поддршка, зголемување на капацитетот на сите институции, како и подигнување на јавната свест и остранување на дискриминацијата и стигматизацијата, бараат лицата со попреченост

December 2, 2019 16:41
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Отстранување на сите видови бариери, меѓу кои и физичката непристапност до институциите, поголема инклузивност во образованието, пристап до здравствени услуги, поширока употреба на толковниот јазик и браевото писмо, развој и поголема достапност на нови сервиси за поддршка, зголемување на капацитетот на сите институции, како и подигнување на јавната свест и остранување на дискриминацијата и стигматизацијата, бараат лицата со попреченост, пренесува МИА.

Во рамки на денешното одбележување на Меѓународниот ден на лицата со попреченост – 3 Декември, тие посочија дека државата прави напори за унапредување на состојбите и оти работите се придвижуваат, особено во делот на развојот на услугите и деинституционализацијата, но оти е потребна и натамошна посветеност и на Владата и институциуите, но и на целото општество.

-Правата на лицата со попреченост се компензаторни права како основа за еднакви можности со другите. Овозможувањето на овие барања се цивилизациска придобивка на модерниот и современ свет, впишани се во меѓународни документи, пред се во Конвенвенцијата за правата на лицата со попреченост, рече Бранимир Јовановски од Националниот совет на инвалидски организации на денешното одбележување во Владата.

Претставниците на Владата, пак, истакнаа дека остварувањето еднакви услови и можности за овие лица е нивен приоритет и во таа насока потсетија на она што го направиле досега.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, потсети на сите мерки и законски решенија, што ги донела и спровела оваа Влада во насока за остварување на правата на лицата со попреченост, меѓу кои и реформирањето на системот за социјална заштита и процесот на деинституционализацијата.

Покрај се што е направено, истакна таа, останува и натаму да се работи заедно со општините на развој на социјални услуги со цел правата лицата со попреченост да можат да ги остварат своите права.

Министрите за образование и наука и за здравство, Арбер Адеми и Венко Филипче, секој во домените на своите надлежности истакнаа дека како институции во изминатиот период се вклучиле во унапредување на правата на овие лица, пред се во делот на инклузијата во образовниот систем јакнење на образовните структури за нивна поддршка, пристап до здравството, вклученост во проценката за способност…

Шефот на делегацијата на ЕУ во Скопје рече дека овие мора да се работи на елиминирање на бариерите кои ги попречуваат овие лица во сите сфери на живеење. Тие, смета Жбогар, треба да имаат активна улога во општеството, а не да бидат само пасивни приматели на услуги.

Предизвиците со кои се соочуваат лицата со попреченост се системски и долготрајни и бараат мобилизираност на сите чинители во општеството. Затоа претставниците на здруженијата на лицата со попреченост побараа и промовирање на вештините и способностите на лицата со попреченост и нивно развивање, со цел полесна инклузија во секојдневниот живот.

Next Post

Дизелот поскапува за половина денар, бензините со иста цена

НАЈНОВО

Фото: Герасимовски

Герасимовски со план во 10 точки за справување со кризата со отпадот

October 23, 2025

ДИК: Во 33 општини се завршени изборите за градоначалник во прв круг, во 11 општини има поднесено приговори

October 23, 2025
Скриншот

Израел им забранува слободен пристап на странските новинари во Газа и по прекинот на огнот

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk