ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пендаровски: Почитувањето на плурализмот во Алијансата е многу важно за држава како нашата

December 2, 2019 17:34
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter
Солидарноста, демократијата и слободата се клучните вредности на Алијансата. Солидарноста искажана во конститутивниот акт на НАТО каде  членот 5 првпат влезе во употреба по нападите од 11 септември. Демократијата пак има голема вредност, бидејќи земјите членки откога станале дел од Алијансата ниту една од нив не станала диктатура, односно останала демократија. Во однос на слободата, членките на Алијансата се многу подобри од која било друга држава или регионална организација во светот.


Ова денеска го истакна претседателот Стево Пендаровски на дебатата со студентите на Факултетот за безбедност насловена „Улогата на Република Северна Македонија во НАТО: Цели, предизвици и можности“ на кој учествуваше и амбасадорката на САД во нашата држава Кејт Мари Брнс, во рамки на  НАТО Караванот низ неколку градови во државата, а во организација на Инфо центарот за евроатлантски интеграции, пренесе МИА.
– Она што е многу важно за малите држави кои се членки или сакаат да станат членки на Алијансата е плурализмот, се почитува плурализмот на членките бидејќи секоја држава има еден глас по клучниот програм на НАТО, Северноатлантскиот совет кој ги носи најтешките одлуки, истакна Пендаровски пред студентите посочувајќи им на важноста од членството наспроти гласините дека НАТО е застарена организација.

Тој рече дека НАТО успешно се прилагодува и на новите закани. Тероризмот со религиозен предзнак е закана за членките на НАТО. – Тоа е закана на сите континенти, а гледаме дека тоа се случува блиску до нас, рече Пендаровски и додаде дека ние сме предмет на напад и со т.н. „фејк њуз“, односно лажни вести со кои, како што рече, се обидуваат да се поткопаат демократските вредности.

Претседателот потсети и на трите мисии во нашата држава во 2001 година, меѓу кои првата беше за предавање на оружјето од нашите граѓани, а другите две беа за стабилизација на поранешните кризни региони. Тие мисии, рече тој, беа да ја стабилизираат државата по конфликтот, а тоа, според него, е и главната причина што Европската унија ни даде кандидатски статус.
За придобивките од членството во НАТО пред студентите од Факултетот за безбедност и питомците од Воената академија говореше и амбасдорката Бернс, за кои рече дека САД тоа го искусиле преку употреба на членот 5 по нападите од11 септември во 2001 година во Њујорк и Вашингтон.
– Предизвиците опфаќаат и закани кои доаѓаат од различни земји, а посебно од Русија за која сте сведоци дека напаѓа соседи и окупира територии. Таа Русија која се обиде да ги поткопа западните демократии преку сајбер-напади и разни информациски кампањи, истакна Брнс.

Таа посочи дека покрај придобивките, Северна Македонија треба да прифати и одговорност, односно да одвои два проценти од БДП на земјата за буџетот на Армијата.
Next Post

Вчера насадени, денеска украдени 8 садници во населба Точила во Прилеп

НАЈНОВО

„Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

October 24, 2025

Адеми: Не е точно дека Али Ахмети ќе се повлече од ДУИ и од политиката

October 24, 2025
Скриншот

Такаичи: Јапонија не се откажува од мировниот договор со Русија

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како се регулира онлајн коцкањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk