Од страна на Јавното комунално претпријатие Прилеп, во населбата Точила, во паркот кој е со површина од 22.400 м2 , комуналците по патеките засадиле декоративни зимзелени садници, со цел да се создаде зелен заштите појас.
И покрај тоа што инжењерите по хортикултура препорачале садниците кои ќе се садат да бидат со поголеме висина, со цел да не можат да се откорнат, украдат и транспортираат, утрово дупки осамнале на местата на садници. Садниците сепак биле украдени.
„Што ќе рече, нема мала и голема садница, има добри арамии на било што.“ е коментарот на официјалната Фејсбук страна на ЈКП Прилеп