ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Попладневен преглед: 1.299 новозаразени, починати 24 пациенти од 35 до 82 години, да се истражи скандалот на ВМРО-ДПМНЕ со германскиот пратеник, бара СДСМ…

March 20, 2021 17:58
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Нови 1.299 ковид случаи и 24 починати, најмладиот пациент имал 35 години. Седум пациенти од Скопје, пет од Кавадарци, четири од Прилеп, две од Гевгелија и по едно починато лице се регистрира од Тетово, Велес, Кочани, Кичево, Ресен и Радовиш. Сите пријавени се починати во болнички услови.

Османи: Пристапувањето на Северна Македонија е лакмусов тест за кредибилитетот на ЕУ. Напредокот на Северна Македонија во прифаќањето на различностите, помирувањето и односите со соседните земји, според него, треба да се гледа како репер за регионот и да биде награден.

Да се истражи скандалот на ВМРО-ДПМНЕ со германскиот пратеник, Мицкоски да одговори за сите скандали со финансиското работење на партијата. Христијан Мицкоски е должен да излезе пред граѓаните, како и пред партиското членство и да одговори за сите скандали со финансиското работење на партијата што ја предводи“; рече Петровска.

(ВИДЕО) Филипче: Опозицијата е голем срам за државата и никаков коректив на власта. Во време на најголема здравствена криза со која се соочува човештвото, опозицијата продoлжува со недолично однесување омаловажувајќи го трудот на здравствените работници, објави на социјалните мрежи минстрерот за здравство Венко Филипче на социјалните мрежи.

Филипче: Се соочуваме со силен бран, модуларните болници се од голема помош. Министерот истакна дека независно од изградбата на модуларната болница, имзминатиов период во ОБ Кочани се инвестирало многу што е од клучна важност за граѓаните од овој регион.

Филипче: Масовната вакцинација со АстраЗенека или кинеската, ќе објавиме кога со сигурност ќе бидеме информирани дека тргнале кон нашата земја. Секојденвно во комуникација. Производителите се соочуваат со предизвик да ги испорачаат потребните вакцини ширум земјата. Имаме некакви најави и тие најави се за крајот на месецот, првите недели на април, но повторно, имајќи го искуството од досега, искуството од останатите земји, искуството  со Ковакс системот, сите тие соочени со тој предизвик, тогаш кога ќе бидеме информирани сигурни дека тргнале кон нашата земја ние тоа ќе го објавиме, изјави Филипче.

Сите ме знаат како Македонецот Васил Гарванлиев – Музиката, тоа е мојот искрен пасош. По лавината реакции на јавноста за двојното државјанство на годинешниот македонски претставник на Евровизија, зборуваме со баритонот Васил Гарванлиев и неговите ставови за ситуацијата во која се наоѓа. Тој во интервју за Дојче веле говори за најновите случувања.

Скопјанец ги тепал родителите, побаран притвор. Во конкретниот случај, наведуваат од ОЈО, постои опасност од криење и бегство, како и можност осомничениот да го повтори делото, па надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.

Сите институции се вклучени во расчистување на случајот со родилката од Дебар, вели Филипче. Сега е сменет директорот. Нов директор на струшката болница е доктор Арслани, поранешниот заменик министер за здравство. Уште трае  стручниот надзор  од страна на Министерството за здравство, но исто така и она што е продолжение на активноста на Државниот здравствен санитарен инспекторат, рече Филипче.

И. Т. З. 

Next Post

Избегната трагедија во Карпош - Полицијата и пожарникарите спречија обид за самоубиство

НАЈНОВО

Папа Лео XIV Фото: Скриншот

Папата повика на „длабоко размислување“ за третманот на мигрантите во САД: Го критикуваше Трамп за масовните депортации

November 6, 2025

Планот на Исакман за НАСА вклучува беспилотна мисија на Марс следната година и соработка со SpaceX

November 6, 2025
Скриншот

Јапонија и САД ќе соработуваат во рударството на ретки земни метали кај островот Минамиторишима

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk