ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Попладневен преглед: Руска амбасада – сите преговори за вакцините се водеа директно помеѓу Рускиот фонд за директни инвестиции и МЗ, Антонио Милошоски нè уништи, 11 години бараме правда…

March 21, 2021 18:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС

Филипче: Од утре продолжува полицискиот час од 22 до 05 часот. Врз основа на последните бројки на новодијагностицирани случаи, врз основа на бројот на пациенти кои што се примаат во болниците во изминатите денови и врз основа на бројот на слободни кревети кои што со менаирање и прераспределба во изминатиот период го зголемивме, ставот е дека од утре ќе продолжат да важат истите мерки, како и досега, тоа значи дека останува на сила полицискиот час од 22 до 05 часот наутро, а за евентуална дополнителна рестрикциј ќе разговараме во текот на неделата врз основа на тоа што ќе се случува следните денови, кажа Филипче.

Заев: Заедно испишуваме историја практикувајќи највисоко ниво на внатрепартиска демократија. Денес, за првпат во тридецениското постоење на плурализмот во Северна Македонија, токму членовите на СДСМ избираат претседател на директни, внатрепартиски избори, напиша премиерот Зоран Заев на социјалните мрежи и објави фотографии од гласањето.

И Руската амбасада потврди: Лажна вест е дека „српски посредник“ учествувал во набавка на вакцини Спутник В…Амбасадата не ги коментира изјавите на поединечни лица, без оглед на тоа колку се фантастични. Во исто време, земајќи ја предвид посебната важност на ова прашање за граѓаните на Северна Македонија, овој пат ќе направиме единствен исклучок – немаше и нема да има никакви посредници во набавката на вакцини за РСМ: Сите преговори се водеа директно помеѓу Рускиот фонд за директни инвестиции и Министерството за здравство, и токму на овој начин беа постигнати конечни договори“, велат од руската амбасада.

Припадноста против правноста и моралноста…. Апелот на медицинскиот персонал во Систина е знак дека критериумот на припадноста почнува да доминира до степен со кој се заканува да ги елиминира критериумите на правноста и моралноста. Тоа не значи дека во рамките на парцијалната припадност немаат моралност или, дури, правност, имаат или можат да имаат, но тоа не се универзалните категории на модерната цивилизација, туку аспекти на внатрешните кодекси какви што постојат во племињата, сектите, редовите, мафиите…пишува Бранко Тричковски.

Пресечен меѓународен канал за трговија со дрога, запленети околу 200 килограми марихуана, приведени две лица. Со дополнително преземени активности во врска со овој случај, посочи Ангеловски, на бензинска пумпа на  магистралниот пат Росоман – Прилеп е лишен од слобода и Н. А. (41) од село Зајас, Кичево, кај кого е пронајден и  пиштол „Парабелиум“ 9 мм, без дозвола.

Антонио Милошоски нè уништи, 11 години бараме правда – тврдат поранешни вработени во Здружението на возачи Кичево. Ве повикавме денеска овде бидејќи веќе 11 години не успеавме да го добиеме назад она што ни беше одземено незаконски. 11 години се обидуваме да докажеме дека таткото на Антонио Милошоски, Милош на мафијашки начин го презеде техничкиот преглед за автомобили во Кичево и не избрка сите вработени.

ВМРО-ДПМНЕ повторно покажа дека стои зад насилствата од 27 април, Мицкоски упорно стои на браникот на криминалот. Затоа е поразуван од правдата, затоа е шест пати поразуван на избори, затоа му следи нов пораз на локалните избори на есен и токму затоа уште долго ќе биде опозиција“.

Заев: УНЕСКО во својот календар за одбележување на значајни настани, личности и годишнини, ја вклучи 100 годишнината од раѓањето на Блаже Конески. „УНЕСКО и светот го чествуваат нашиот поетски џин од Небрегово, ние на светот денеска му ја даруваме „Везилка“ со гласот на Конески како уште еден придонес за глобална афирмација на македонскиот јазик, наука и култура.

Јанчев: Треба да размисли за идејата на премиерот Заев – формирање на широка коалиција меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Во Белград оро кај споменикот на Стефан Немања, спротивно на епидемиолошките мерки. Претходно, неколку стотици луѓе се собраа на Плоштадот на републиката, во знак на протест против новите мерки донесени од Владата на Србија поради големиот број заразени со коронавирусот. Собирот, најавен преку социјалните мрежи, беше наречен „протест против глобализмот и корона диктатурата“.

И. Т. З. 
Next Post

Не е ли сатира што ЗНМ го есапи порталот на Геро за професионален?

НАЈНОВО

Каде завршува информирањето, а каде почнува пропагандата, што е што во изборен контекст

August 25, 2025

Почнува Баскерфест 2025: Караван на улична уметност со преку 25 артисти на 13 локации во девет градови

August 25, 2025

Во јуни 100 отсто од потрошената струја од домашно производство

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Архитектите и експертската јавност ќе ја предводат ревитализацијата на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk