ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Јапонија донира 554.000 евра на македонските здравствени институции

March 22, 2021 13:28
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Амбасадорот на Јапонија, Савада Хиронори потпиша десет договори за грант помош во рамки на програмата за мали проекти за човекова безбедност (GGP) со цел подобрување на основните човекови потреби во Северна Македонија. Десетте проекти, како што соопштија од Амбасадата, имаат за цел да ја поддржат државава во справување со кризата Ковид-19, а секоја здравствена институција ќе добие различно финансирање согласно потребите.

Вкупната помош доделена во рамки на програмата за мали проекти за човекова безбедност (GGP) годинава достигнува над 540.000 евра, што е најголема сума што ја добила државава од почетокот на имплементирањето на програмата во 1996 година, информираат од Амбасадата.

Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби ќе добие 65.801 евра за набавка на машина за медицински отпад, Градската општа болница „8 Септември“ ќе добие 60.985 евра за набавка на ултразвук за дијагноза на карцином, Здравствениот дом Скопје ќе добие 40.420 евра за набавка на комплети за Итната медицинска помош, за возилата за ИМП помош и ноќните служби,  Општата болница во Дебар ќе добие 34.576 евра за набавка на рендген, Општата болница во Куманово ќе добие 54.094 евра за набавка на ултразвучен систем, Општата болница во Гостивар ќе добие 60.635 евра за набавка на рендген, Општата болница во Кочани ќе добие 47.863 евра за набавка на ултразвук и монитор за срцеви отчукувања на фетусот за гинеколошки оддел, Општата болница во Гевгелија ќе добие 60.698 евра за набавка на рендген апарат, Општата болница во Велес ќе добие 60.748 евра за набавка на рентгенска машина, а Здравствениот дом во Свети Николе ќе добие 54.633 евра за набавка на возило за Итна медицинска помош.

– Надминувањето на Ковид-19 е глобален предизвик и ние сме многу среќни што ги поддржуваме медицинските институции во оваа земја, кои придонесоа да се спасат многу луѓе, особено во ова многу тешко време. Се надевам дека нашата помош ќе придонесе во справувањето со Ковид-19. Поради пандемијата, поддршката преку програмата за мали проекти за човекова безбедност оваа година оди во медицинските институции. Ние, јапонскиот народ сме многу среќни што продолжуваме да ја поддржуваме оваа земја, бидејќи пријателите кои си помагаат се вистински пријатели, рече амбасадорот Савада, изразувајќи најискрена надеж дека заедно ќе ја надминеме социјално-економската криза што ја предизвика пандемијата.

Преку проектите од програмата за мали грантови (GGP), Јапонија има финансирано реновирање и набавка на опрема за повеќе од 70 училишта и градинки, 47 здравствени установи и обезбеди 31 специјализирано возило за управување со отпад и комунални услуги за 49 општини во сите осум региони во државата. Јапонија ја поддржува Северна Македонија во повеќе сектори и тоа инфраструктурен развој, подобрување на здравствена нега, образование, животна средина, култура, спречување на природни катастрофи, справување со бегалската криза. Доделена е и итна помош, во вкупен износ од повеќе од 422.3 милиони евра, како и дополнителна нефинансиска поддршка, стои во соопштението од Јапонската амбасада.

извор: МИА

Next Post

Град Скопје објави втор јавен повик за финансиска поддршка на домаќинствата од Лисиче за замена на грејните тела на огревно дрво, јаглен, нафта или отпад

Shortcut

Најново

Неказнивоста не е пропуст, туку систем

November 21, 2026

„Ниту една повеќе!“ – Протести против насилството врз жените, обвиненија и барања за институционална одговорност

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026
Фотографија: Unsplash

Младите бараат образование наместо оружје: Протести против планот на ЕУ за 800 милијарди евра за одбрана

November 20, 2026
Јана Коцевска

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk