ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Попладневен преглед: Одложувањето на пописот не е опција, „знаеш ли ти кој сум јас?“ ѝ вели во аудио снимката глумецот Бранислав Лечиќ на Даниела Штајнфелд, која го обвини за силување…

March 22, 2021 18:01
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
kurir.rs

kurir.rs

Share on FacebookShare on Twitter

Разговорот Заев – Борисов потврда дека низ комуникација и зачестени контакти може да се дојде до решение, порача Арсовски. На новинарско прашање дали за Владата не претставува мешање во внатрешните работи на други земји ставот на шефот на дипломатијата Бујар Османи, со кој на Бугарија и даде поддршка во т.н. шпионска афера со Русија, Арсовски рече дека Владата секогаш ќе дава поддршка на суверенитетот на секоја држава.

Денеска се регистрирани 457 нови случаи на Ковид 19. Пријавени се вкупно 30 починати лица, на возраст од 50 – 84 година и тоа: 8 пациенти од Скопје, од Прилеп – 6, од Битола и Охрид – по 3 починати, од Кочани и Демир Капија – по 2 и по едно починато лице е пријавено од Куманово, Тетово, Велес, Струга, Неготино, и Радовиш. Сите пријавени се починати во болнички услови.

Арсовски: Одложувањето на пописот не е опција. Ова е широка операција која се работи месеци наназад преземени се сите мерки, ангажирани се сите капацитети во државата. Веќе неколкупати рековме дека сите највисоки стандарди ќе бидат запазени и во целосост ќе бидат заштитени и попишувачите и оние кои треба да бидат попишани, рече денеска владиниот портпарол Душко Арсовски.

Пописот се спроведува и ќе се спроведе целосно безбедно, по сите стандарди без застој. Во последното деноноќие се попишани повеќе од 20 илјади граѓани, државјани на Република Северна Македонија кои живеат и престојуваат во странство, со што вкупната бројка на оние кои се самопопишале до утринава во 9 часот е 121.580 лица, соопшти денеска на прес-конференција Јасмина Ѓоргиева од Државниот завод за статистика (ДЗС).

Обвинителството во случајот „Трезор” предложи конфискација на имот. Покрај ова побарување, обвинителот од Судот побара обвинетиот Сашо Мијалков да го задолжи да надомести износ од 11 милиони денари, Горан Грујоски 11 милиони денари, Небојша Станковиќ 6 милиони денари и обвинетито Тони Јакимовски 7 милиони денари.

Пресудата за убиството на Ангел ќе биде објавена на 26 март. Кражбата на велосипедот не е иницијална каписла за случување на овој настан, туку е однесувањето на сега оштетениот и неговиот син, коишто по секоја цена сакале да го стигнат крадецот и да се пресметаат со него на било кој начин, кажа бранителот.

Мас и Вархеји разговарале за преговорите со Северна Македонија и Албанија. Добра дискусија со МНР Хајко Мас денес. Разменивме мислења за западниот Балкан и потребата да се оди напред со процесот на проширување на ЕУ, вклучително преку отворање на преговорите за членство со Албанија и Северна Македонија што е можно побргу, напиша Вархеји на Твитер.

Надлежните да утврдат дали во случајот со набавката на софтвер од Рашковски се прекршени процедурите, порача Арсовски. Информации поврзани со набавката Владата веќе сподели неколку пати. Документацијата ќе биде доставена до надлежните институции кои го проверуваат овој случај, рече Арсовски.

Соработка на ФИТР и НЛБ, се засилува поддршката за креативните и иновативните старт-ап бизниси. Олеснување на пристапот до финансиски средства за микро, мали и средни претпријатија, вклучувајќи ги и старт-ап компаниите е главната цел на Меморандумот за сработка што го потпишаа Фондот за иновации и технолошки развој и НЛБ банка со што на компаниите – апликанти за кофинансирани грантови на ФИТР, преку различни кредитни продукти, Банката ќе им обезбеди дополнителна финансиска поддршка во делот на сопствено кофинансирање преку поволни кредитни линии.   

Објавена аудио снимка од актерката Даниела Штајнфелд и Бранислав Лечиќ – кого го обвини за силување. Во разговорот може да се слушне како Лечиќ вели „знаеш ли ти кој сум јас?“, „ако јас кажам да, значи е да“, а Даниела му вели дека не го почитувал нејзиното „не“.

И. Т. З.
Next Post

Шкотската Влада објави предлог-закон за втор референдум за независност

Shortcut

Најново

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk