Поради ерупција на вулканот Пакаја во Гватемала, властите денеска го затворија аеродромот, а авионите, паркирани на терминалите, се прекриени со пепел.
Вулканот Пакаја, кој речиси цел век мируваше, повторно се активира во 1961 година, по што се случија ерупции во 2004 и 2010 година.
Тој се наоѓа на околу 50 километри јужно од главниот град Гватемала и е активен од почетокот на минатиот месец.
Директорот на цивилното воздухопловство Франсис Аргета не соопшти колку време ќе биде затворен аеродромот.
Туристите многу често се искачуваат на врвот на Пакаја, но таквите активности се времено откажани. /МИА/