ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Неколку економски и културни точки на дневен ред на денешната редовна седница на Владата

Владата денеска ќе ја одржи 168. редовна седница на која на предлог на Министерство за финансии ќе биде презентирана информацијата за воведување системи и алатки за автоматска контрола на валидност на даночното побарување и повратот на средства, што ја подготви Управата за јавни приходи

December 3, 2019 11:41
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата денеска ќе ја одржи 168. редовна седница на која на предлог на Министерство за финансии ќе биде презентирана информацијата за воведување системи и алатки за автоматска контрола на валидност на даночното побарување и повратот на средства, што ја подготви Управата за јавни приходи, пренесува МИА.

Покрај тоа, министрите во Владата ќе се произнесат за Предлог-одлуката за усогласување и менување на царинската тарифа за 2020 година.

На седницата, според најавите од владината прес-служба, ќе се разгледа и информацијата за Планот за гаранција за млади 2020-2022 година, во надлежност на Министерството за труд и социјална политика, а ќе се расправа и за Предлог-програма за изменување на Програмата за здравствена заштита на лица со болести на зависности за 2019 година.

Министерство за надворешни работи за дневниот ред на седницата го предложи Предлог-законот за ратификација на Спогодбата помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Франција која се однесува на средните училишта со франкофонски двојазични паралелки.

За оваа седница на Владата, според најавите, е предвидено и усвојувањето на информацијата за потпишување Договор за грант за музички инструменти и опрема за звук и осветлување на Национална опера и балет, како донација на Владата на Јапонија.

Next Post

Македонските средношколци на 67 место на меѓународното тестирање ПИСА

Shortcut

Најново

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

Мицкоски: Продолжуваме со субвенционирање на авиолинии и отворање на нови

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

June 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk