ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Заев го посети ансамблот „Танец“ по повод 72 години од неговото основање

March 24, 2021 18:41
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Фотографија од архивата на Танец

Фотографија од архивата на Танец

Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев ја посети Националната установа „Танец“, каде оствари средба со директорот на ансамблот Мартин Вучиќ и со дел од вработените по повод годишнината од основањето, соопштија од владината прес-служба.

На денешен ден во 1949 година, со решение на Народното собрание на тогашната Народна Република Македонија е формирано друштво за собирање, негување и презентирање на македонското музичко-сценско творештво кое стана светски препознатливо како ансамбл – „Танец“. По тој повод премиерот Заев изрази благодарност до сите генерации играорци, пејачи, музичари, кореографи и сите останати во ансамблот, кои со огромна љубов ги чуваат народните игри и песни, обичаи и носии и преку успешните рафинирани кореографски поставки го презентираат македонскиот бит пред светот.

-Оваа наша национална установа од посебен општествен интерес, повеќе од седум децении ја остварува својата културна мисија на негување и презентирање на македонското фолклорно творештво во земјава и надвор од неа. „Танец“ е бренд што ја освојува публиката каде и да настапи. Ја освојува со својата професионалност, со совршениот изведувачки израз со кој автентично се афирмира сета убавина на нашето фолклорно наследство, истакна Заев.

Директорот на „Танец“ Мартин Вучиќ рече дека пандемијата  ги погоди сите категории на луѓе и институции, а меѓу најпогодените заради природата на дејноста се изведувачките уметности и настани.

-Таков е и нашиот ансамбл, кој е должен да ја негува македонската музичко-фолклорна традиција и сценски да ја претставува, но верувам дека наскоро повторно ќе можеме да настапуваме и да ги презентираме уметничките достигнувања на ансамблот „Танец“, во неговиот полн сјај, дома и во светот, рече Вучиќ на средбата.

Како што наведува владината прес-служба, премиерот Заев нагласи дека Владата и граѓаните на земјата освен признанијата за „Танец“ за одржувањето на континуитетот на афирмацијата и чувањето на посебностите на нашето фолклорно наследство се тука за да ја изразат и заложбата за целосна поддршка на работата на „Танец“ кој го вклучува и обезбедувањето нов соодветен објект како траен дом за нивната работа и концертирање, за што веќе е донесена одлука на Владата.

/МИА/

Next Post

Влечки во форма на леб за 95 евра

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk