Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска оствари средба со хрватската европратеничка Желјана Зовко, во седиштето на Европската комисија во Брисел.
На својот Фејсбук профил, Маричиќ напиша дека му е посебно драго што остварил средба со Зовко токму на нејзиниот роденден.
-Имавме навистина искрен и пријателски разговор за реформите во Северна Македонија, со фокус на оние во правосудството, борбата против криминалот и корупцијата, но и европските интеграции, пишува министерот за правда.
Маричиќ посочи дека работниот ден го продолжува со состанок со еврокомесарот за финансии Јоханес Хан. /МИА/





