ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Попладневен преглед: Кабинетот на Претседателот со остри критики кон ВМРО-ДПМНЕ, тврдат дека Претседателот не е никако вмешан во случајот „Планина“, Царинската управа со реакција за задржаните бугарски книги, пристигнаа 3.000 вакцини „Спутник В“

March 28, 2021 17:00
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија остро реагира на наводите изнесени на денешната прес-конференција на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, на која се инсинуира наводна поврзаност на претседателот Стево Пендаровски со лица вмешани во случајот „Планина“, тврдат дека тој не се познава лично со лицата на фотографијата.

Бугарската Амбасада во Скопје испратила протестна нота до Министерството за надворешни работи на Северна Македонија, поради, како што соопшти бугарското МНР, одлуката на царинските власти на граничниот премин „Деве Баир“ да не дозволат влез во земјава на 920 книги за Бугарскиот културно-информативен центар во земјава.

Царинската управа реагира во врска со бугарските книги задржани на граница. Во нивниот статус се вели дека С. Македонија согласно Царинскиот закон за предметите што се увезуваат а имаат образовен, културен карактер е ослободена од плаќање на увозни давачки. Во конкретниот случај кон барањето за ослободување беше приложен договор за подарок кој е потпишан само од едната страна, т, е од испраќачот на книгите, а не и од примачот што го прави договорот правно неважечки, велат од Царинската управа.

Министерството за здравство ја информира јавноста дека денеска во 14:30 часот на меѓународниот аеродром во Скопје стигна втората пратка од руската вакцина Спутник В, наменета за ревакцинација на 3.000 здравствени работници.

Подобрувањето на финансиската едукација е од големо значење за економскиот развој на една земја, бидејќи колку финансиски пописмено е населението – толку подобри финансиски одлуки се носат, велат од Министерството за финансии.

Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје ја завршува својата мисија со успех. Една година по полноправното членство на Република Северна Македонија во Алијансата, НАТО канцеларијата заминува од државата.

Во Србија денеска продолжи вакцинацијата на македонски и странски државјани со вакцини на „АстраЗенека“. За разлика од Белградскиот саем каде беше празно, во Ниш поради големиот број неповикани македонски граѓани се создаде голема турканица.

Во Барселона синоќа, првпат од почетокот на пандемијата, се одржа концерт пред публика од 5.000 луѓе, на кој истовремено беше тестирано спроведувањето на заштитните мерки против епидемијата на коронавирус.

М. Миткоска

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
Владимир Путин

Путин ги повика Русите да се вакцинираат против Ковид-19

НАЈНОВО

Ралф Фајнс и сенката на злото: Вистината и митовите за улогата во Шиндлеровата листа

October 20, 2025

Локалните избори огледало на централната власт: Трендови од 2017 до 2025 година

October 20, 2025

АВМУ: Уште две прекршочни постапки за непочитување на изборниот молк

October 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Локални избори 2025: ВМРО-ДПМНЕ доминантен во 53 општини, СДСМ во 8, ВРЕДИ во 9

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанскиот политички блок по локалните избори: Победи, предизвици и нова реалност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 20 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ загуби фантастични 140.000 гласови, разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ значително намалена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ падна 135.000 гласови, ЗНАМ најголем губитник, Левица и СДСМ со благ пад

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk