ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Меѓу вакцината и судбината

March 29, 2021 08:06
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Во истиот викенд кога Србија ширум ги отвори своите порти за да помогне во вакцинирањето на целиот Балкан, Бугарија (членка на ЕУ, наш сојузник во НАТО) ни врачи уште еден демарш за некакви книги што не поминале граница за влез во Македонија, откако, ден-два пред тоа, некој од нивните евро-пратеници (чинам ќе беше некој од владејачката партија ГЕРБ на Борисов и Захариева) во Европскиот Парламент нè спореди со Северна Кореја!

Бреееј, какви шутраци! (Именката шутрак своето значење го влече од „шут вол“, без рогови, а сака да боде, и има преносно значење на несмасност… Таман за оваа прилика!)

Веста за тоа што го направи Србија не го обиколи светот – го обиколи Балканот, а заслужуваше со неа барем една вечер да се започнат и вестите во светот – бидејќи најголемите и најмоќните земји се премногу зафатени со тоа кој кому ќе му украде некоја пратка вакцини, на најбезобразен начин, со подметнувања и закани, а во тоа особено предничат западните земји, со акцент на нашите сојузници од НАТО. Се покажува дека реал-политиката е жива и здрава во распаднатите меѓународни односи и дека, кога ќе дојде до голема криза, прво се спасуваш себеси, а на другите Господ здравје да им даде!

Добра е тоа лекција испорачана, помеѓу воените смотри и писмата со сојузнички честитки, на нашата прва годишнина од членството во НАТО.

Што се однесува до самата епидемија, таа во наредните неколку недели ќе почне да стивнува – за да си остане со нас, падни-стани, барем уште целата оваа година – но ужасните здравствени последици од кои нема семејство што не е погодено, ќе им отстапат место на други вознемирувачки трендови: генерална недоверба во политиката и политичарите, исцрпени економии (кои не можат ни да си дозволат воведување построги и подолготрајни карантини) и зголемена сиромаштија, што ќе се преточи во пролет, а потоа и лето, на протести, демонстрации, блокади и нестабилности од секаков вид. Социјалните мрежи се веќе место за омрази и ширење стравови, а во месеците што доаѓаат ќе се претворат во толпи од незадоволници кои врескаво ќе „шетаат“ наоколу во виртуелниот простор со подготвени јажиња, во потрага по жртви и дрва за бесење.

Тешко е да се биде власт – па и опозиција – во такви услови. Стресот и несигурноста во јавноста се толку големи, што речиси и нема врска каде се наоѓате, па дури и дали сте голем или помал демократ, бидејќи вирусот како да ги обедини сите стравови и незадоволства на модерното време со кои треба да менаџираат политичарите. На пример, во Израел, глобалниот шампион со вакцинациите и квалитетот на здравствениот систем, на тукушто одржаните избори премиерот Натенјаху ќе требаше да победи со убедливо мнозинство – па, речиси не мрдна од „мртвата точка“ на претходните и тие пред нив и тие пред нив изборни резултати. На Ердоган забрзано му паѓа рејтингот, како и на Путин (за руски услови, де!), но исто и на Макрон, па дури и на Меркел! Ете, Вучиќ, на пример, нуди да се вакцинира „и шуто и рогато“, па едвај четвртина Срби пружиле рака за да ги боцнат, бидејќи луѓето во сè се сомневаат.

Голем дел од јавноста деновиве во ништо не верува – освен дека судбината, а не вакцината, ќе ти го пресуди „судниот ден“. Но, кога е веќе така, можеби е ова вистинскиот момент за едно наивно прашање: оние од Македонија кои се определија за вакцината, наместо за судбината, зошто на одење и на враќање од Србија мораа да чекаат по еден час за да ја поминат македонската граница? Ако, веќе, со вакцинирањето фалиравме, толку ли беше проблем да се дигнат уште една-две рампи, за подобро да се менаџира барем таа потреба на граѓаните?


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Студентите од Правниот факултет во Ниш поднесоа кривична пријава против Вучиќ поради посетата на пациенти од Кочани во УКЦС

May 14, 2025

Зеленски рече дека е подготвен за каков било формат за преговори за ставање крај на војната

May 14, 2025

Таравари: Јас поднесувам оставка, другите ќе бидат разрешени

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неуспехот со уставните измени ја протресе удобноста на Мицкоски!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • И Латас се вклучи во кампањата на вмровските ботови за ширење на фотомонтажа од „визите“ на Заев и Филипче

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk