ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Лукаревска: Анализа на податоците од поднесени барања за враќање на финансиската поддршка односно претворање во грант

April 2, 2021 15:35
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter
Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска на денешната прес-конференција ја информираше јавноста за анализата што ја направи Управата за јавни приходи, од поднесените барања за пресметување на износот за враќање на финансиската поддршка односно нејзино претворање во грант.

Таа истакна дека мерката финансиската поддршка на работодавачите за исплата на плата за април, мај, јуни 2020 година ја искористиле 22.195 работодавачи во најмалку еден од овие месеци, во износ од 4.886.695.436,00 денари за исплата на плати за 143.646 вработени. За враќање на оваа финансиска поддршка, 18.851 обврзници, поднеле 20.693 барања, од кои 17.932 барања се комплетни. Од нив 5.296 искажале позитивен финансиски резултат пред оданочување за 2020 година, негативен искажале 11.502 обврзници, а 1.134 обврзници искажале финансиски резултат нула денари. Според податоците од доставените барања, обврската за враќање на износ на искористена финансиска поддршка изнесува 814.134.379,00 денари или 17% од вкупната доделена финансиска поддршка на правните лица по овој основ. За оваа мерка вкупно 2 405 самовработените лица поднеле 2.643 барања за враќање на финансиската поддршка, од кои 1.060 барања се комплетни.
Од нив, 321 искажале позитивен финансиски резултат пред оданочување за 2020 година, 728 обврзници искажале негативен, а 11 обврзници искажале финансиски резултат нула. Според податоците од доставените барања, обврска за враќање на износ на искористена финансиска поддршка е 19.210.275 денари или 15.8 % од вкупната доделена финансиска поддршка на самовработените лица по овој основ.
Враќањето на пресметаниот износ треба да се изврши на тримесечни рати, без камата, во месеците април, мај и јуни 2021 година.
За претворање во грант на финансиска поддршка за исплата на плати за месеците април, мај и јуни 2020 година поднесени се вкупно 1.993 барања, од 1.541 обврзници – правни лица, од кои 1.291 барања се комплетни, додека од страна на самовработените лица поднесени се вкупно 71 барање, од 69 обврзници, од кои 26 барања се комплетни. По овие барања ќе одлучува Управата за јавни приходи, по што даночните обврзници ќе добијат Решение за претворање на финансиската поддршка за исплата на плати во грант.
Финансиска поддршка на работодавачите за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за април, мај и јуни 2020 ја искористиле 2.136 работодавачи во износ од 117.421.694,00 денари за 14.561 вработени. За враќање на оваа поддршка поднесени се вкупно 2.077 барања, од 1.628 обврзници, од кои 1.082 барања се комплетни. Од нив, 408 искажале позитивен финансиски резултат пред оданочување за 2020 година, 653 обврзници искажале негативен, а 21 обврзник искажал финансиски резултат нула денари. Според податоците од доставените барања, обврзниците правни лица имаат обврска да вратат износ на искористена финансиска поддршка од 20.814.974,00 денари или 19% од вкупната доделена финансиска поддршка на правните лица по овој основ.
Вкупно 337 самовработени лица поднеле 358 барања од кои 247 барања се комплетни. Од нив, 69 искажале позитивен финансиски резултат пред оданочување за 2020 година, додека 176 обврзници искажале негативен а 2 обврзници искажале финансиски резултат нула денари. Обврска да вратат износ на искористена финансиска поддршка изнесува 1.354.156,00 денари или 16% од вкупната доделена финансиска поддршка на самовработените лица по овој основ.
Враќањето на пресметаниот износ треба да се изврши на тримесечни рати, без камата, во месеците април, мај и јуни 2021 година.
Финансиската поддршка плата за октомври, ноември и декември 2020, искористиле 14.646 работодавачи во вкупен износ од 3.028.270.262,00 денари, за исплата на плати за 75.790 вработени лица.
За враќање на оваа финансиската поддршка 13.204 обврзници поднеле 15.087 барања, од кои 12.190 барања се комплетни. Од нив, 2 800 искажале позитивен финансиски резултат пред оданочување за 2020 година, 8.610 обврзници искажале негативен а 780 обврзници искажале финансиски резултат нула денари. Според податоците од доставените барања, обврзниците правни лица имаат обврска да вратат износ на искористена финансиска поддршка од 322.531.527,00 денари или 11% од вкупната доделена финансиска поддршка на правните лица по овој основ.
Вкупно 1.997 обврзници – самовработените лица поднеле 2.216 барања, од кои 804 барања се комплетни. Од нив, 187 искажале позитивен финансиски резултат пред оданочување за 2020 година, 605 обврзници искажале негативен финансиски резултат а 12 обврзници искажале финансиски резултат нула денари. Според податоците од доставените барања, самовработените лица имаат обврска да вратат износ на искористена финансиска поддршка од 10.809.441,00 денари или 10,6% од вкупната доделена финансиска поддршка на самовработените лица по овој основ.
Враќањето на пресметаниот износ треба да се изврши на тримесечни рати, без камата, во месеците октомври, ноември и декември 2021 година.
Финансиска поддршка за исплата на финансиски средства на физичките лица кои вршат самостојна дејност во месеците април, мај и јуни 2020, ја искористија 6.032 СВД во износ од 258.201.500 денари, додека во месеците октомври, ноември и декември 2020 година, ја искористија 7.510 СВД во износ од 318.394.080,00 денари.
За враќање на овие финансиски средства поднесени се вкупно 3.274 барања, од 3.097 обврзници, од кои 2.644 барања се комплетни. Од нив, 731 искажале позитивен финансиски резултат пред оданочување за 2020 година, додека 1 883 обврзници искажале негативен финансиски резултат пред оданочување, а 30 обврзници искажале финансиски резултат нула денари. Според податоците од доставените барања, самовработените лица имаат обврска да вратат износ на искористена финансиска поддршка од 20.335.461,00 денари или 6.4% од вкупната доделена финансиска поддршка на самовработените лица по овој основ. А истите ќе се враќаат три месечни рати, без камата, во месеците април, мај и јуни, 2021, односно во октомври, ноември и декември 2021 година
Лукаревска потенцираше дека за реализација на овие мерки за поддршка на стопанството, државата одвои и исплати 8.350.781.472,00 денари или 135.344.918 евра, а обврската за враќање на примената финансиска поддршка е во износ од 1.209.250.778,00 денари или 19.598.878 евра, односно 14,5% од вкупната исплатена финансиска поддршка.
„Во следниот период, подготвени сме за имплементација на Петтиот пакет економски мерки наменет за граѓаните и за компаниите, за стабилна и развојна македонска економија и за подобрување на ликвидноста на стопанството. За сите понатамошни чекори во постапувањето, навремено ќе ја информираме јавноста“, кажа директорката на УЈП Сања Лукаревска.
Next Post

Д-р Гроздановска: По примање на вакцината не сме заштитени веднаш, потребен е одреден временски период

НАЈНОВО

Протест пред зградата на црногорската Влада, демонстрантите извикуваа „Турци надвор“

October 29, 2025

Лажни се сите дојави за бомби во училишта во Скопје и Куманово

October 29, 2025
Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 29 октомври

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk