ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Средба со поранешни министри по повод „Ден на Буџетот“: Состојбата подобрена, макроекономските движења во позитивна насока

April 2, 2021 15:44
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Добрата реализација на Буџетот, вклучително и на капиталните инвестиции, како и позитивните макроекономски движења, се доказ за добрите економски политики кои ги води оваа Влада, порача министерот за финансии Фатмир Бесими на средбата со поранешните министри одржана по повод одбележување 29 години од носење на првиот Буџет.

Министерството за финансии соопшти дека на состанокот со министерот Фатмир Бесими и заменик-министерот Димитар Ковачевски присуствуваа поранешните министри Таки Фити, Џевдет Хајредини, Борис Стоjменов, Никола Поповски, Кирил Миноски и Нина Ангеловска. На состанокот се презентирани реформите што ги презема Министерството во сите сфери – реформата на даночниот систем 2021-2025, стратегијата за намалување на сивата економија, процесот на унапредување на фискалната децентрализација, планот за финансирање на економскиот раст.

Во соопштението стои дека како значаен исчекор во подобрување на транспарентноста е спомнато и објавувањето на „Фискалниот бројач“ на веб страницата на Министерството, кој на дневна основа ги прикажува приходите, расходите во буџетот и извршувањето на капиталните расходи, додека на месечна основа го прикажува државниот долг.

– Приходите, заклучно со првото тримесечје се реализирани со 22,8 проценти, расходите со 22,4 проценти, а капиталните расходи со 16,6 проценти. Макроекономските движења исто одат во позитивна насока. Извозот на стоки во јануари регистрира номинален раст од 15,4 проценти на годишна основа, а увозот бележи номинален раст од 5,3 проценти. Ова покажува дека состојбата се подобрува и оти преземените мерки дале резултат, информира Бесими.

Министерот потенцира дека активно се работи на решавање на клучните прашања – како економијата да заздрави, како да се врати на патеката на раст, како тој раст да се забрза и како да биде одржлив и инклузивен.

– Сите ние сме работеле и работиме за да овозможиме подобри услови за живот. Откако дојдов во Министерството за финансии се залагам да се работи и веќе се планира и работи според СМАРТ концептот кој се базира на пет начела – стратешко работење, одржливост односно континуитет, одговорност, ориентираност кон реформи и транспаретност. Суштината е да се дејствува така што однапред ќе се планира за подолг период, ќе се антиципираат сите исходи, ќе се мерат резултатите, како од аспект на реализација, така и од аспект на нивниот импакт врз останатите процеси и сето тоа ќе биде проследено со континуиран напор за зголемување на транспарентноста. Токму во оваа насока  е и новиот закон за Буџети со којшто се воспоставува среднорочно буџетирање и интегриран систем за управување со јавни финансии – во насока на подобро планирање, креирање регистар на јавни субјекти и зголемување на транспарентноста, истакна тој.

Во услови на фискална консолидација, како што е потенцирано на состанокот, потребно е да се одржи развојната компонента на високо ниво. Ова значи дека треба да се инвестира во капитални инвестиции кои ќе донесат принос на долг рок.

Првиот буџет на нашата независна држава е донесен на 2 април 1992 година.

извор: МИА

Next Post

Меѓународен ден на проверка на факти: Медиумската писменост е способност за критичко и аналитичко восприемање на информациите

Shortcut

Најново

Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

June 23, 2026

Државата турка монопол на игрите на среќа, кој има интерес од тоа?

June 23, 2026

Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

June 23, 2026

Загадување нема, економска штета нема. Нема случај во случајот „Мазут“

June 23, 2026

Винарија Душа на Ohrid Wine Festival 2026: вино, „Суперхикс“, „Меморија“ и уште многу изненадувања

June 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk