Хеликоптерот е државно средство кое се користи исклучиво за важни службени цели, тој и пилотот мора да извозат одреден број часови, макар и празни и затоа треба да бидеме рационални, рече премиерот Зоран Заев во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.
Тој додаде дека денеска во Прилеп, не беше во приватна посета, туку службено на отворање градинка, во посета на прилепската болница, и нагласи дека прави јасна дистинкција кога се работи за приватни потреби оди со свој автомобил, со мотор.
Ме боли кога граѓаните ќе речат дека некој директор користи службена кола за свои потреби, граѓаните треба да бараат одговори и треба да добијат одговори, рече Заев, додавајќи дека претходниот премиер Груевски ги гледаше плацовите со хеликоптер, па беше молк.