ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ: Сите антикризни пакети ги даваат предвидените резултати, фискалниот стимул досега изнесува 704 милиони евра

April 5, 2021 09:32
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Владата предводена од СДСМ во услови на здравствена и финансиска криза предизвикана од светската пандемија, создаде економски пакети коишто се состојат од низа мерки со цел полесно справување со последиците од коронакризата врз стопанството, населението, работниците, младите и многу граѓани од други категории.“, наведуваат од СДСМ.

Оттаму додаваат дека со досегашните мерки, стотици илјади луѓе ги задржале работните места, а поддршка добиле илјадници компании.

Од СДСМ потенцираат за владиниот одговор на фискалната политика на пандемијата и велат дека беше експресен и далекосежен за претпријатијата и вработените во најпогодените дејности како и за најранливите категории на граѓани.

„Владините економски мерки директно придонесоа за ублажување на негативните последици врз доходот и потрошувачката на домаќинствата, како и активноста на деловните субјекти.

Фискалниот стимул на досегашните мерки изнесува 704 милиони евра, односно 6,5% од БДП.

Оттука, се проценува дека преку овој фискален импулс падот на економската активност е ублажен, односно без овие мерки падот на економската активност би бил повисок за 3,9 процентни поени во 2020, односно би изнесувал -8,4% , наспроти реализираниот пад од 4,5%.

Четирите сета економски мерки дадоа значителен придонес и за ублажување на последиците во однос на стапката на невработеноста.

Целта е постигната, досегашните антикризни економски мерки ги дадоа предвидените резултати.

Во првото тромесечје на минатата година стапката на невработеност порасна од 16,2% на 16,7%, додека во третото и четвртото тромесечје се забележува етапно намалување на 16,5% и 16,1%, со што просечната стапка на невработеност во 2020 изнесува 16,4%.

Раст од 7,8% се забележува во однос на просечната месечна-нето плата во 2020, како директен резултат на корисните економски мерки спроведени од владата на СДСМ пред пандемијата.

Преку петтиот пакет мерки продолжува поддршката за најпогодените од пандемијата, односно финансирање на малите и средни претпријатија и средно пазарно капитализирани претпријатија, а истите ќе се реализираат и со договор помеѓу Европската инвестициона банка и македонската Развојна банка, со што сто милиони евра ќе се инјектираат во нови проекти, нови вработувања, зголемената ликвидност на стопанството и зголемен извоз.

СДСМ и натаму останува посветена на креирање и имплементација на мерки и политики што ги амортизираат штетните последици од коронакризата.“, се наведува во соопштението од СДСМ.

 

Next Post

Белорусија исклучена од учество на Евровизија 2021, понудени биле песни со политички референци

Shortcut

Најново

Африм Гаши

Африм Гаши повикан на одговорност за блокираните законски измени за заштита на жените

November 27, 2026
Марш пртиво фемицидот во Скопје

Марш против фемицидот во Скопје: Шест барања до институциите со рок до 10 декември

November 26, 2026

16 дена активизам против насилството врз жените: ОН предупредуваат на 70 проценти повеќе пријави во Северна Македонија

November 25, 2026

Новиот филм „Ѕвездени патеки“ на Парамаунт: Мрачен пресврт и целосно нови ликови

November 25, 2026
Мила Кунис (Wikipedia)

Од бегалка со 250 долари в џеб до хуманитарка што собра над 37 милиони долари за Украина: Неверојатната приказна на Мила Кунис

November 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мила Кунис (Wikipedia)

    Од бегалка со 250 долари в џеб до хуманитарка што собра над 37 милиони долари за Украина: Неверојатната приказна на Мила Кунис

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неказнивоста не е пропуст, туку систем

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сите сакаат да владеат со светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новиот филм „Ѕвездени патеки“ на Парамаунт: Мрачен пресврт и целосно нови ликови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk