Навивачите на Евертон секогаш биле први поддржувачи на семејствата на жртвите од Хилсброу и рамо до рамо со навивачите на Ливерпул ја бараат правдата. Ривали на терен, браќа и сестри надвор од терен!, пишуваат Macedonian reds
Денеска на Енфилд се игра градското дерби помеѓу Ливерпул и Евертон. Ливерпул е моментален лидер на Премиер лигата со 40 бода, а Евертон е на 17 место со 14 бода.
Со оглед на моменталните форми на двата клуба, се очекува победа на Ливерпул и одржување на големата разлика пред второпласираниот Манчестер Сити кој има – 8 бода и одиграно утакмица повеќе и Лестер кој е на третото место. Но, на овие градски дерби утакмици формата и поредокот на табелата не секогаш имаат пресудна улога и резултатот може да го одреди моменталната инспирација.
Се очекува Мохамед Салах вечерва да го одигра својот 100-ти премиерлигашки натпревар, од кои има 87 во дресот на Ливерпул, останатите се за Челси. На досегашните 99 настапи има постигнато 62 голови и има забележано 17 асистенции.
Ј.Ѓ.