Македонската иднина е гарантирана со вакви сојузници. Безбедни, сигурни и стабилни учествуваме во сите глобални и демократски процеси кои светот го движат напред. Северна Македонија е 30-та земја членка на НАТО, тоа носи просперитет и сигурна иднина за сите наши граѓани, за сите наши деца, напиша премиерот Зоран Заев од Лондон на својот Фејсбук профил.
Премиерот Заев имаше и кратка средба со премиерот на Велика Британија Борис Џонсон.
Обединетото Кралство целосно ја поддржува Северна Македонија. Во согласност со вредностите на НАТО и ЕУ, целосно го заслужуваме своето место во евроатлантските демократски сојузи.
Немаме алтернатива за овие процеси. Во изминатите две години бевме фокусирана на исполнување на сите неопходни услови за да покажеме дека нашата земја е подготвена за полноправно членство во НАТО и ЕУ.
Со премиерот Џонсон ја истакнавме определбата за долгорочно зајакнување на односите меѓу нашите две земји, како потврда за меѓусебното блиско пријателство и взаемна поддршка, сега и во рамки на сојузништвото во Алијансата, напиша Заев.
Ј.Ѓ.