ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Хелсиншки комитет: Расизмот и дискриминацијата сѐ уште се главен белег на односот кон Ромите

April 8, 2021 11:46
in ДЕНЕС, МОЗАИК, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Расизмот и дискриминацијата сѐ уште се главен белег на односот кон Ромите, велат од Хелсиншки комитет за човекови права по повод денешниот Светски ден на Ромите.

На овој ден, посочуваат оттаму, кога низ светот се одбележува ромската култура, продолжуваме со долгогодишната борба за подобар и подостоинствен живот на Ромите и потсетуваме на системската дискриминација со која тие секојдневно се соочуваат.

– Оттука, неизбежно е да се навратиме на случаите на расно профилирање, полициска бруталност и нееднаков однос кон припадниците на оваа заедница на многу нивоа во нашето општество, што се случуваа во изминатава кризна година. На почетокот на пандемијата, граѓанскиот сектор апелираше за воведување засилени превентивни мерки за заштита од Ковид-19 во населбите каде што живее ромско население, поради ранливата состојба во која многумина немаат пристап до чиста и питка вода и санитетски материјали, како клучни за заштита од коронавирусот. Имајќи предвид дека последиците од пандемијата особено можат да ја погодат ромската заедница, како на социјален, така и на економски план, неопходно е носење посебни мерки за помош и солидарност кои ќе ги адресираат специфичните околности во кои живеат Ромите, се вели во соопштението на Хелсиншки комитет.

Оттаму потенцираат дека пристапот до здравствена заштита и понатаму останува проблематичен за Ромите, што беше дополнително изразено во услови на пандемија.

– Нееднаквиот третман и дискриминацијата во здравствениот систем со кои тие се соочуваат, изминатава година беа потврдени и со одлуката на CEDAW Комитетот по поднесена претставка од Хелсиншкиот комитет за човекови права. CEDAW утврди неправда и даде препораки за државата за структурни промени и искоренување на штетните практики во пристапот до гинеколошки услуги на Ромките, истакнуваат од Хелсиншки комитет.

Покрај стравувањата поврзани со здравствената криза, потенцираат оттаму, вкоренетиот расизам кон Ромите се манифестираше во низа други инциденти.

– Полициската бруталност кон припадниците на ромската заедница стана честа практика изминатава година, што говори за постоење на расистички предрасуди кај полициските службеници и непрофесионално и незаконско постапување. Таков беше случајот со постапувањето на полицијата со бездомни лица во Скопје и двата случаи на полициска бруталност во Битола. Расистичко и насилничко однесување беше забележанано и кај други службени лица, како во инцидентот со контролорите на ЈСП и студентот Сирхан Усеин. Расното профилирање беше очигледно и во случајот со групата музичари, кои организирано се враќаа во земјава од Италија на почетокот на пандемијата. Тие беа ставени во карантин во Пепелиште, а по реакциите за лошите услови беа преместени во Демир Капија. Од друга страна, сите останати 200 патници биле упатени да се самоизолираат во своите домови. Комитетот за елиминација на расната дискриминација посочува дека расното профилирање има негативни и кумулативни ефекти врз благосостојбата на поединците и заедниците, имајќи предвид дека едно лице може секојдневно да биде подложено на расно профилирање во неговиот или нејзиниот живот, се посочува во соопштението.

Од Хелсиншки комитет посочуваат дека жртвите честопати го интернализираат неговото влијание во услови на недостиг на ефективни лекови и средства за надоместок на претрпената штета. – Воедно, на овој начин кај жртвите на расно профилирање се создава огромна недоверба во надлежните институции за спроведување на законите. Кај нив се создава чувство на неправда, понижување и страв од повторување, а тие дополнително стануваат и потенцијални жртви на секундарна виктимизација, се наведува во соопштението на Хелсиншки комитет.

извор: МИА

Next Post

„Хера“: За Ромките во државава се уште има предрасуди, отколку работните места

Shortcut

Најново

Снимка од експлозија што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

August 18, 2026
Stylish Caucasian Female Project Manager Works Diligently on Laptop,Surrounded by Virtual Social Media and Connectivity Icons in a Modern,High-Tech Office Environment

ЦИВИЛ за Орбановиот медиумски блицкриг: Остра анализа за гушењето на слободните медиуми во Србија

August 18, 2026
Прием по повод отворање на Сараевскиот филмски фестивал (SFF), 14 август 2026 (фото извор: Obala Art Centar)

Блесок и ангажирана уметност: Преглед на 32-то издание на Сараевскиот филмски фестивал

August 18, 2026

Поскапуваат горивата: Дизелот од полноќ се зголемува за 6,5 денари, бензините за 4,5

August 17, 2026

Борозан: Зошто се крие документот за водата во Гостивар и кој гарантира дека е безбедна?

August 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk