ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Дерала: Ромите се жртва на длабоко всадена расистичка идеологија на супериорност над нив

April 8, 2021 12:29
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МОЗАИК, ОПШТЕСТВО
Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

На дебатата на ЦИВИЛ на тема „На „Балот“ на човековите права на Ромите“, Џабир Дерала, ЦИВИЛ, отвори неколку битни прашања во однос на улогата на општеството и политичките претставници кон ромската заедница во земјава, но и улогата на самата ромска заедница во однос на себе. Дерала даде опширен преглед на тоа што значи да си Ром во една мултиетничка земја како што е нашата, и се осврна на можните решенија во однос на тешката состојба со човековите права на ромската заедница.

-Би сакал да кажам неколку зборови повеќе, од моето лично искуство и од мојата лична позиција во поглед на ова многу важно прашање. Бев многу возбуден кога падна идејата на колегиум за организирање на еден ваков настан. Знаеме дека на 8 април сите ќе побрзаат да си дадат свои придонеси, медиумски, да се пофалат, па и да празнуваат по овој ден, евентуално да прекршат некои од правилата за заштита од Ковид  кризата. Но, затоа е и битно, денеска, барем два дена порано од тој ден, да упатиме еден аларм.

Со сето уважување кон добрите и исцрпни информации за тоа што се прави или што се планира да се прави, би сакал да спомнам неколку состојби, општи, во светот, а на тие состојби Северна Македонија воопшто не е исклучок. За жал, ниту од далеку. Тоа што го гледаме веќе со децении, еве ќе зборувам за последните триесет години, гледаме структурна дискриминација на Ромите, гледаме стигматизација, општоприфатена од практично сите заедници кои живеат во нашата земја, гледаме насилство, кое е и стркуктурно, меѓутоа е насилство кое е проширено во соседствата, во заедниците итн. Ова е една ситуација, која, гледано и на глобални нивоа, гледаме широка распространета идеологија з а расната доминација, за расната супериорност во однос на Ромите. И тоа е уверување кое е проширено меѓу огромен број луѓе, како во светот, така и во нашата земја, во нашето општество. Знаете, може да припаѓате на која било заедница, меѓутоа, знаете дека сте барем малку повредни од Ромите!

Тоа е уверување, тоа е идеологија, тоа е чувство на супериорност, во однос на ромската заедница, колку и да се заедниците мали или дискриминирани од некои поголеми заедници, во одредени околности, дали на општинско, дали на државно ниво итн.  Ние наследивме состојби д еден единаесетгодишен режим ,во кој дискриминацијата беше државен систем. Тоа по сите хоризонтали и вертикали беше воспоставено како принцип, како нешто што го живеевме секој ден…

Од тоа не можеме многу лесно да се извлечеме, и не можеме ни од далеку, ама баш ни од далеку да се надеваме дека каква било владина  стратегија или владини мерки и практики, колку и да се добри, дека можат да придонесат кон надминување на таа состојба. Зошто? Заради тоа што мора да се менува општеството, мора да се менува јавната свест, мора да се менуваат животните навики, во кои е длабоко вкоренета идеологијата на расната супериорност во однос на Ромите. Тука треба да обрнеме најмногу внимание. Тука не помагаат владини кампањи, тука, за жал, не можат да помогнат ниту невладините организации,  бидејќи тие се затворени во својот меур, живеат од проект до проект, колку у да се посветени, а еден голем дел воопшто и не се посветени на ништо друго, освен на проектите и тоа што произлегува од нив, знаеме сите што е… Не можеме да постигнеме.

Што треба да се направи?

Концептот кој израсна од улиците на  Скопје и другите македонски градови  за време на Шарената револуција, наречен „Едно општество за сите“, стана  стратегија на Владата. Таа треба да биде државна стратегија, и притоа, да се започне со имплементација на таа стратегија, пред се во образованието, културата и медиумите, а се разбира и во економските аспекти, во кои јас лично не се разбирам многу, меѓутоа, мора да бидат имплементирани. Но, најмногу од се, треба да се менува менталниот склоп, начинот на кој се размислува  во поглед на Ромите. Тоа што го гледаме ние три децении наназад во независна Македонија, е политичко претставување, кое може да служи во Европа, па и пошироко. Меѓутоа, што добивате со политичко претставување на ромската заедница? Добивате политички елити, интересни  групи, кои всушност, го мелат сопственото  гласачко тело, и го подредуваат на интересите на тие што се поголеми, и ја спроведуваат системската дискриминација. Заради тоа, политичкото претставување, барем уште некое време, додека не дојдат нови генерации на политички репрезенти на ромската заедница , какви што, искрено, во моментов гледам овде, но за жал ги нема во оние партиски структури кои се натпреваруваат за власт, нив ги нема се уште, за жал. Кога политичкото претставување ќе стане вистинско политичко претставување на политичките, етничките, културните, економските, и сите други, социјалните, образовните интереси на ромската заедница, која кора и самата да се бори за еднаквост, бидејќи, ако не се борите за еднаквост, слобода и човекови права, вие нема да  добиете никогаш ништо на тацна, колку и да е тоа напишано во уставот, и откако  ќе добиеме политички претставници коишто навистина се интересираат за интересите на Ромите, за човековите права на ромската заедница, тогаш, можеме да очекуваме некакво поместување, кое ќе оди паралелно со искрените намери на која било структура на власт,( еве да речеме дека во оваа не се сомневаме)  која сепак ќе почне со искрени, конкретни, точно одредени мерки во кои ќе ги унапредува правата, и исто така, оние кои ги кршат тие права, бескомпромисно да ги санкционира.

Во тие два процеси, кои мора да почнат паралелно, јас  ја гледам перспективата и унапредувањето на човековите права. Се останато, мислам дека нема да помогне многу, вклучувајќи ја дури и оваа дебата, иако, мислам дека е неопходно да правиме вакви дебати, па би ги замолил колешките и колегите, барем еднаш во месецот да обратат внимание, поцелисходно, на човековите права на ромската заедница. Во таа смисла, мислам дека можеме да постигнеме нешто. И, се разбира, да продолжиме како што секогаш сме биле како ЦИВИЛ, присутни на теренот, и секогаш отворени за кое било прашање, кој било случај да го  отвориме, и да тропнеме на врата заедно со граѓанките и граѓаните од ромската заедница, на вратите на институциите, на вратите на медиумите, училиштата, каде што, извинете, но тие наместо да бидат образовни институции, многу често се места каде што се гради тој идеолошки темел кај младите, кај децата, кои потоа стануваат расисти…

Би сакал да предложам, следниот настан на ЦИВИЛ да биде на ромски јазик, а оние што не го разбираат, да побараат превод.

Дијана Тахири / ЦИВИЛ МЕДИА

 

Next Post
ФОТО: МИА

МВР се однесуваше професионално, а со процесуирањето преку правосудните органи е испратена пораката дека има казнивост, вели Заев за случајот со пасошите

НАЈНОВО

Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

October 30, 2025
Фото: ЦИВИЛ

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Фото: Министерство за транспорт, комуникации и јавни работи на Кипар и Канцеларија на комесарката за родова еднаквост

Први семафори со женски фигури на Кипар: Мала промена со големи пораки за родова еднаквост

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk