ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Средба на претседателот Џафери со претставници на ромската заедница по повод 8 Април – Светскиот ден на Ромите

April 8, 2021 16:14
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
фото: МИА

фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

По повод 8 Април – Светскиот ден на Ромите, претседателот на Собранието Талат Џафери имаше средба со Љатифе Шиковска, пратеничката од ромската заедница, Зоран Димов, претседател на Интернационалната ромска група, Ферат Асан, стопанственик од општина Шуто Оризари и Мухамед Точи, преставник од НВО „Месечина“ – Гостивар. На средбата беше присутен и координаторот на пратеничката група на СДСМ и коалицијата, Јован Митрески.

Одбележувањето на Денот е уште позначајно бидејќи денеска се навршуваат и 50 години од одржувањето на Првиот конгрес на Ромите, како и 20 години од впишувањето на Ромите во Уставот на Република Северна Македонија.

Како што се наведува во соопштението од Кабинетот на Џафери, на почетокот на средбата, гостите му врачиле на претседателот на Собранието свечен документ именуван како „Заложба за интеграција на Ромите во сите сфери на општественото живеење“, како и Плакета за особен придонес.

Џафери, пак, им врачил честитка по повод денот од негово име и од име на пратениците на Собранието. Тој подвлекол дека за жал оваа година, поради пандемијата, одбележувањето на Меѓународниот ден на Ромите е во поинаква форма ако се потсети на искуството од минатите години кога би вклучен во работата на државните институции на повеќе нивоа, како и на искуството од Декадата на Ромите и долгогодишната соработка со преставници на ромската заедница кои биле активни политички и институционални чинители при што, настојувал да даде придонес за унапредување на нивната положба во општеството. Нагласил дека промени се потребни, и тоа, суштински и секако, присуството на координаторот на пратеничката група на СДСМ и коалицијата, Јован Митрески е потврда за оваа заедничка заложба, се наведува во соопштението.

Пратеничката Шиковска се заблагодарила за укажаната чест и сподели со Џафери впечатоци од остварената средба со претседателот и претставници на Владата и плодната дискусија во однос на процесите на инклузија и искажала оптимизам дека напредокот на ромската заедница, иако е бавен процес, сепак се движи по нагорна линија, особено во областа на образованието меѓутоа и здравствената, социјалната заштита и најважното достигнување досега, обезбедувањето на лични документи. Тоа што веќе има претставници на Ромите на раководни позиции во институциите, како што посочила, е од голема полза затоа што тие самите најдобро ги знаат проблемите со кои се соочува ромската заедница и само со системски пристап и политичка поддршка ќе се постигне Ромите да се чувствуваат еднакви.

Зоран Димов, со претставување на своето лично и професионално портфолио потврди дека работи на подобрување на положбата на Ромите на целиот Западен Балкан и е отворен за секаква соработка што би била од интерес на ромската заедница и нагласи дека учеството на претставниците на Ромите во процесот на донесување на квалитетни закони од таа област би било од голема полза повикувајќи се на деловничката можност која ја потврди и претседателот Џафери. Таа соработка секако е важно да се одвива и во бизнис секторот, во сферата на културата и поголемата застапеност на јавниот сервис. Во дискусијата учествуваа и другите присутни гости, Ферат Асан, Мухамед Точи, кои подвлекоа дека подобриот пристап до информации, решавањето на социјалните случаи и другите тешкотии со кои се соочува оваа заедница, е од суштинско значење.

Координаторот на СДСМ и коалицијата, Јован Митревски истакна дека се прават напори да се излезе во пресрет на Ромите на секој можен начин и воедно упати искрени честитки по повод 8 Аптрил.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Денеска се регистрирани 1.163 нови случаи на Ковид 19

НАЈНОВО

Според Мицкоски не биле алармантни параметрите на штетни честички во Скопје:Тоа е визуелно така

September 10, 2025

ДИК: Досега 5.729 граѓани го провериле Избирачкиот список

September 10, 2025

Три лица, меѓу нив и малолетник, пријавени за пожарот во кумановската населба „Бавчи“

September 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • EXIT ќе го носел. А бе оди прај си Ѓурѓовден на Три Круши

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мижи Митро, толумби паѓат и Орце ќе го донесе EXIT во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија на крстопат: Резолуција што може да го одблокира европскиот пат!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk