ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Со фотографија од почината жена се рекламира ,,детоник”

April 9, 2021 16:51
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Скандалозно манипулативен маркетинг, кој освен што е неетички, вклучува и фотографија од почината жена од Русија, во Македонија се користи за да се продава препарат за кој се тврди дека ги чисти крвните садови, а е наречен „детоник“. Рекламниот материјал, всушност, претставува интервју со наводно задоволна клиентка, која има неверојатни 120 години, а, наводно, живее во скопско село, пренесува Критинк.мк.

Освен тоа, на жената ѝ се дадени македонско име и презиме, односно лажно е претставена како Стојанка Ѓорева, за да се добие уште посилно манипулативно дејство на блискост, една од најважните новинарски критериуми кога се составува информативниот жанр. „Блискост“ во смисла дека кога лицата инволвирани во текстот се од територијата на граѓаните што ја восприемаат информацијата, таа има поголема импактност, зашто восприемачите се заинтересирани и афектирани од она што им се случува на оние што живеат веднаш до нив, повеќе отколку од тоа што им се случува на тие што се подалеку од нив.

Во маркетинг-текстот се додава дека Стојанка Ѓорева била запишана во книгата „Рекорди на Македонија“, која воопшто не ни постои, исто како штоне постоини Стојанка Ѓорева од скопско село.

Сите овие манипулативни наративи се сосредоточени кумулативно, заедно со хиперболизирани наводни активности што жената со добро здравје и неверојатна возраст од 120 години може да ги прави.

Како да се работи за сценарио на холивудски филм со фиктивна приказна, во случајов се тврди дека жената на 120-годишна возраст може да трча маратон околу земјата, да работи на нива, сето тоа благодарение на чистите крвни садови кои прво ги чистела со билки коишто сама си ги берела, а потоа кога го открила „детоник“, немала веќе потреба да оди да собира билки.

Изненадувањето настапува кога ќе ја пребарате на интернет фотографијата од наводно задоволната клиентка од скопско село и ќе откриете дека таа е почината. Станува збор за најстарата жена во светот, Танзилија Бисембајева, која инаку починала во Русија на возраст од 123 години.

Маркетинг-материјалите мора да се изработат на основа на вистинити информации, што во текстов не е случај. Лажно се тврди и дека новинарите редовно доаѓаат кај оваа жена од скопското село. Доколку во Македонија постоеше некој што има 120 години, тоа дефинитивно ќе го заслужеше вниманието на новинарите. Но, бидејќи таков човек во Македонија нема, а интервјуата на новинарите со наводната Стојанка Ѓорева од скопско село никогаш не се случиле, нема ни медиумски написи за тоа.

Во странство, пак, се тврди дека на фотографијата на истата жена која е почината,е Милка Ивиќ, а нејзината фотографија се злоупотребува за да се продаде друг прозивод, „хипертеа“.

Втората неетичка компонента на овој материјал е тоа што во него е претставен и извесен доктор Оливер Костовски како „главен лекар на оддел за кардиоваскуларна хирургија”, кој тврди дека сè повеќе лекари го прифаќале ставот оти ова е исклучително корисна постапка, да се пие препаратот „детоник“, дека во Македонија наводно 10 илјади пациенти веќе го консумираат и дека дури и за нив се направила студија! Сето ова е невистина, ниту доктор Оливер Костовски постои во Македонија, а уште помалку имало студија за ефикасноста на „детоник“ на некаква клиника. Истата фотографија од лекар, во странство е претставена како да е од извесен, исто така, непостоен доктор Клаус Хуберт.

Лагите се нижат без задршка и со тоа што се наведува некаква поддршка од Светската здравствена организација за проширување на програмата за третман на населението со „детоник“, што е целосна измислица. СЗО никогаш нема поддржано чај. И, се разбира, како и во другите случаи, маркетинг-текстот завршува со непостојни фотомонтирани коментари од наводно задоволни корисници.

Без да навлегуваме во ефикасноста и делотворноста на препаратот, дефинитивно заклучуваме дека неговиот пи-ар текст, односно рекламен материјал, е базиран на манипулации и лаги со луѓе што се починати или луѓе што не постојат, нивно фиктивно претставување како да живеат и работат во Македонија. А, дополнително за да се додаде кредибилност, искористени се и авторитети како Светската здравствена организација, која пак, никогаш не го поддржала овој производ.

Next Post
ФОТО: МИА

Мирен протест за осудените за Саздовски: Побараа прeквалификација на претходниот предмет

НАЈНОВО

Орце и Мицкоски Скопје „72 часа чисто Скопје“

„Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

November 6, 2025

Рокас до Мицкоски: ЕУ е на ваша страна во овој процес, но одговорноста е ваша

November 6, 2025

Мицкоски за Извештајот од ЕК: Остануваме целосно посветени на европскиот пат

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk