ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Реакција на АСОМ по изјавата на ДКСК: Податоци за играчите се земаат за да се задржи данокот на личен доход

April 9, 2021 17:32
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) реагира на наводите на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) за наводно „перење пари“ и злоупотреба на лични податоци во спортските обложувалници.

-Податоци за играчите во обложувалниците се земаат за да се задржи данокот на личен доход во висина од 15 отсто од сите добитни тикети. Овие податоци се земаат во име и за сметка на државата, а средствата се уплаќаат на дневно ниво во државната каса. Обложувалниците немаат никаква потреба дополнително да ги обработуваат овие податоци и се користат исклучиво за плаќање на данокот на личен доход и за ниту една друга намена. Пред наметнувањето на оваа давачка, спортските обложувалници никогаш не побарувале податоци или обработувале податоци од играчите, ниту имаат потреба од тоа, пишува во реакцијата.

АСОМ дополнува дека личните податоци на играчите се чуваат само до моментот кога ќе се плати данокот на личен доход, а тоа е на дневно ниво и до нив пристап има само обучен кадар кој работи согласно посебни протоколи и согласно позитивните законски прописи за Заштита на лични податоци.

-Податоци за играчите во обложувалниците може да се појават само и исклучиво ако играчот дојде да подигне исплата за тикет и ја приложи својата лична карта на увид, од која се запишуваат потребните податоци, според Законот за личен доход. Не може податок за некој играч да се појави доколку лицето никогаш не остварило добивка и не оставило свои податоци при подигнување на исплата на тикет, напоменува Асоцијацијата.

Според АСОМ, ДКСК во изјавата неосновано спомнува „перење пари“ без никакво образложение.

– Нагласуваме дека не може да постои „перење пари“ доколку за исплатените средства е пресметан и платен данокот на личен доход. Обложувалниците уште од 2012 година се поврзани на Надзорниот информациски систем (НИС) на кој се евидентираат во реално време сите уплатени и исплатени тикети, со што евентуалната манипулација е сведена на нула. Покрај на НИС, обложувалниците се поврзани и со Управата за финансиско разузнавање (УФР) до која се доставуваат податоци за уплати и исплати. Согласно ова, сакаме да констатираме дека државата предвидела ефикасен механизам за контрола на работењето на обложувалниците без можности за грешки, појаснува Асоцијацијата.

АСОМ со жалење констатира дека ваквите информации ја доведуваат јавноста во заблуда и директно влијаат врз кредибилитетот на целата гранка.

-Ги повикуваме институциите на системот во целост да ги истражат отворените сомнежи, пред сé во интерес на спортските обложувалници кои работат согласно сите законски прописи во државата и немаат апсолутно никаков интерес од какви било финансиски малверзации и/или злоупотреба на лични податоци, наведува Асоцијацијата и воедно информира дека игрите на среќа учествуваат со четири проценти во БДП на државата, придонесуваат со над 250 милиони евра во државниот буџет, а целата стопанска гранка директно вработува повеќе од 8.000 луѓе кои поддржуваат речиси 54.000 вработувања во други стопански гранки.

извор: МИА

Next Post

Занаетчиите ја чекаат поддршката за плати, голем дел не можат да аплицираат за бескаматните кредити на Развојната банка

НАЈНОВО

Авганистан и Пакистан повторно преговараат во Истанбул

November 6, 2025

ДИК го отфрли приговорот за гласањето на пет избирачки места во Општина Брвеница, во тек е разгледување на приговорите за Општина Шуто Оризари

November 6, 2025

Mузичката елита ќе пее во чест на маестро Кире Костов, гала концерт во НОБ на 11 ноември

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk