ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Пендаровски: Полноправно члество во НАТО е една од главните стратешки определби на државата

Претседателот Пендаровски се сретна со шефот на Канцеларијата за врски со НАТО, Зоран Јанковиќ

September 26, 2019 18:08
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски на денешната средба со шефот на Канцеларијата за врски со НАТО, Зоран Јанковиќ, истакна дека со полноправното членство на Северна Македонија во НАТО ќе биде заокружена една од главните стратешки определби на државата, што ќе придонесе за нејзиниот севкупен развој, и позитивно ќе се одрази за стабилноста и просперитетот на регионот.

Од Кабинетот на претседателот соопштија дека тој на средбата со Јанковиќ изразил очекување за скорешно завршување на ратификацијата на Протоколот за членство во НАТО од страна на земјите-членки, со што Република Северна Македонија ќе стане 30-та членка на најуспешната воено-политичка Алијанса.

„Пендаровски ја истакна улогата на Канцеларијата за врски со НАТО во Скопје во процесот на пристапување на Северна Македонија во НАТО и исполнувањето на критериумите и стандардите за полноправното членство“, наведоа од Кабинетот.

Претседателот и шефот на Канцеларијата за врски со НАТО на средбата размениле мислења за актуелните состојби во Република Северна Македонија, како и за соработката на државата со НАТО, а во контекст на аспирациите за членство во Алијансата.

Во август годинава, за време на централната свеченост по повод одбележувањето на Денот на Армијата на Република Северна Македонија, претседателот Пендаровски ја одликуваше Канцеларијата за врски со НАТО во Скопје, со Орден за воени заслуги за континуирана поддршка и помош на Република Северна Македонија во процесот на пристапување и исполнување на критериумите и стандардите за остварување на полноправното членство во НАТО.

извор МИА

Next Post

Плукачот

Discussion about this post

Shortcut

Најново

Нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline само во книжарницата „Или-Или“

August 22, 2026

Една година под истрага, а без обвинение: Кој ќе ја надомести штетата на осомничените во „Мазут“?

August 22, 2026
Гасење пожари (архивска снимка, извор: ФБ страница на ЦУК)

ЦРВЕН АЛАРМ НА ТЕРЕН: Се водат исцрпувачки битки со огнот, 9 активни пожари низ земјата

August 22, 2026

Од нетранспарентни измени на Изборниот законик до изборен блеф: Како Мицкоски ја тестира опозицијата

August 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk