ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев: Ако Шпанија не го ратификува Протоколот за НАТО, можна условна ратификација кај нас

Евентуалното одложување на ратификацијата во Шпанија ја отвора можноста да се направи условна ратификација кај нас

December 5, 2019 15:48
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Според информациите кои ги добиле властите на Република Северна Македонија се очекува следниот месец да заврши ратификацијата на Протоколот за влез на земјата во НАТО во шпанскиот Парламент, по што нашето Собрание ратификацијата би ја завршило до крајот на следниот месец или евентуално до 11 февруари, пред да се распушти законодавиот дом. Евентуалното одложување на ратификацијата во Шпанија ја отвора можноста да се направи условна ратификација кај нас.

Ова го изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање во врска со иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ. Партијата вчера излезе со иницијатива до Владата во најскоро можно време до Собранието да го достави Законот за ратификација на Северноатлантскиот договор и на Пристапниот протокол за членство, пренесе МИА.

-Евентуалното одложување од Шпанија, кое не верувам дека ќе се случи, ја отвора можноста да направиме условна ратификација во самиот Парламент, која би била објавена од страна на претседателот на државата, од страна на Парламентот, веднаш со ратификацијата во шпанскиот Парламент. Овде постапката и процедурата е усогласена со НАТО централата и тоа можеме да го направиме, но чесно, достоинствено и гордо да бидеме 30 земја-членка, која ќе ја направи ратификацијата. И затоа одиме сериозно и одговорно во делот на постапките без какви било политички калкукации, рече премиерот.

Тој иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ ја означи како политичка калкулација и ги праша пратениците од оваа партија каде биле кога во Собранието се носеле важните стратешки одлуки за земјата.

-Не треба да бидете од некоја голема партија, може да бидете и од мала и како граѓанин да знаете дека за предлог за ратификација доставува Владата до Парламентот. Политичките партии ова сега го користат исклучиво заради нивно калкулантство. Каде беа тие кога требаше да се донесат големите одлуки за РСМ, за да можеме да бидеме членка во НАТО. Беа повлечени надвор од сите преговарачки процеси, избегнуваа да донесат храбри одлуки стоеја над пратениците кои дефинитивно ги поддржаа ваквите историски одлуки во Собранието, по 27 години да ги решиме крупните проблеми за да бидеме конечно членка на НАТО, рече Заев.
Премиерот истакна дека верува оти граѓаните ќе ги препознаат овие политички калкулации.

Заев денеска заедно со заменик-министерката за образование Елизабета Наумовска одржа средба со градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумовски и направија увид на градежните работи за изведба на спортската сала при ООУ „Јоаким Крчовски“ во село Волково.
Next Post

Заев: Ќе влеземе во прочистување на правосудството, нема да влеземе во ветин

НАЈНОВО

Судскиот совет разгледа 72 претставки и поплаки против судии и судови, за три одлучи дека се основани, исто толку се повлечени

November 5, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Определени мерки на претпазливост за возачот кој го прегази Јорго Ќука

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk