Вмровците не можат да ги прежалат своите босови и финансиери, како што е Камчев, кои деновиве, еден по еден, паѓаат во апс, во судските предмети во кои се товарат за тешки криминали. Затоа, продукцијата на нивните „курири“ неуморно креира и лансира лажни вести чија цел е дискредитација на институциите. Полицајките на Спасовски ја резилат службата“ е наслов на прилогот, со кој лажно се тврди дека се работи за злоупотреба. „Секој ден нов срам за полицијата на Оливер Спасовски“ – гласи првата реченица во текстот. За што, всушност, се работи?
Утре се очекува во земјава да пристигнат 10 илјади вакцини на „Фајзер“, а исто толку се очекува да стигнат и на 26 април. Вакцините утре со авион ќе стигнат во Софија, а попладнето со специјален транспорт ќе дојдат во Скопје.
Триесет случаи на мобинг од кои 20 во приватниот и 10 во јавниот сектор регистрирал Сојузот на синдикати на Македонија минатата година. Најголем дел од пријавите се од мажи, а речиси тројно помалку од жени или изразено во бројки 19 пријави биле од мажи, а само пет од жени. Две од пријавите се за сексуално вознемирување.
Иако македонските власти дале гаранции дека на Африм Исмаиловиќ, осуден на доживотен затвор во процесот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковското Езеро, ќе му се суди во присуство, Косово се уште не одговорило позитивно на барањето за екстрадиција на осуденикот.
Реакциите на јавноста дека во училиштата се применуваат парталави учебници кои имаат застарена и несоодветна содржина, многу технички и граматички грешки, нелогичности и дискриминација, стануваат минато. Од идната учебна година започнува етапната замена на материјалите за учење од кои се едуцираат нашите ученици.
Што значат изразите „блиски до власта“ или „блиски до опозицијата“? Многу често, овие изрази се употребуваат за да се скрати или премолчи ставот дека некоја личност или структура, медиум или организација имаат непринципиелни, па и коруптивни врски со политичките партии на власт или во опозиција. Безброј луѓе ја продадоа својата „уметничка душа“ на партиските ѓаволи и станаа обична партиска пешадија, пишува ЏАБИР ДЕРАЛА.
М. Миткоска