Хималајската нација го има вакцинирано 60 отсто од нејзиното население. За некои потешко пристапни села беше искористен хеликоптер, а здравствените работници се справуваа со мраз и снег, пишува Њујорк Тајмс.
Областа Лунана е многу изолирана, со големина колку два Њу Јорк-а, има езера и таму се наоѓаат највисоките планински врвови, и до таму не може да се стигне со автомобил. И покрај ова, голем дел од нејзиното население е вакцинирано против Коронавирус. Вакцини „АстраЗенека“ пристигнаа преку хеликоптер, и беа администрирани од здравствените работници кои пешачат од село во село преку мраз и снег.

Првите дози на вакцина во Бутан беа администрирани во околу 1.200 вакцинални пунктови, во интервал од една недела во Март и почетокот Април. Сите досега искористени дози на вакцини во Бутан, биле донирани од Индија.
подготви: Mарија Миткоска





