ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Од утре аплицирање за поддршка на платите и детали за шестиот антикризен пакет

April 19, 2021 20:21
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Од 27 април планираме да има одредено олабавување на мерките во смисла на дозволи за работа, но будно ги следиме препораките не Комисијата за заразни болести, рече вечерва вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.

Битиќи во гостување на ТВ 24 најави дека од утре почнува аплицирањето за финансиска поддршка на платите, а на прес-конференција Владата ќе го соопшти и новиот, шести пакет кој тој го нарекува, како што нагласи, „пет плус“. Најавена ќе биде и операционализацијата на мерката од Развојната банка за бескаматните кредити.

Мерката што утре ќе биде соопштена во однос на угостителите како дел од шестиот пакет, откри Битиќи, е поддршка на  пресметаниот пад на приходите од 30 отсто овој месец, додека се затворени. Тоа значи, како што објасни, дека на угостителските дејности целиот период во кој се затворени ќе им бидат супституирани 30 проценти од приходите и дополнително ќе им се дадат 50 отсто од бруто минималната плата за секое вработено лице.

Се прават, додаде Битиќи, и последните калкулации за отпис на камати за долгови постори од три месеци, се собираат информациите од сите јавни претрпијатија на централно и локално ниво и се прави законското решение. По вчерашниот ден, Битиќи се надева, како што истакна, дека нема да има слични сиитуации и дека секој економски закон ќе се изгласа во најбрз рок.

Според вицепремиерот, се креираат и законски решенија за даночни олеснувања кои годинава би се реализрале како мерки.

-Денеска беше доста тежок ден, се прават последните подготовки и финалните анализи за владината седница. Собиравме информации за мерката која утре ќе ја обзнаниме по седницата. Комисијата за заразни болсти е одговорна, таа „го води орото“ со коронавирусот и мораме да ги следиме нејзините препораки. Денеска имавме и Главен кризен штаб, тие имаат одредени препоркаи, ние како Влада секако ги разгледуваме и утре ќе ги усвоиме соодветно. Тие се во насока на оптимизирање на тоа што е позитивен ефект од мерките. Свесни сме дека затворање на одреден сектор има последици и затоа утре ќе ги донесеме економските мерки. Ќе одговориме соодветно, со сосема нов модел. Воедно сме подготвени исплатите од петтиот пакет да почнат веднаш, најбрзо што е возможно, зашто знаеме колку е потребно средствата да стигнат до граѓаните. Мерката е предвидена за 60.000 плати, за 60.000 работници или 120.000 за два месеца, а тоа се 120.000 семејства, истакна Битиќи.

Тој очекува дека ќе има интерес во однос на бескаматните кредити за фирмите. Овој модел, рече, е добар и ќе им помогне на компаниите да ја подобрат ликвидноста, но не само сега, туку и понатаму да опстанат.

Откако соопшти дека со новиот пакет ќе бидат опфатени и туристичките оператори, вицепремиерот упати апел до туристичките агенции дека ги кани да седнат на заедничка маса и да договорат мерки на среден и на долг рок. Ваучерите за туризам, истакна Битиќи, се поврзани со буџетска календарска година и не може тоа што е испланирано за оваа, да важи следната година.

-Ги поканувам туристичките агенции оваа или следната недела да дојдат и да седнеме заедно, да ги обмислиме мерките на среден и долг рок. Да седнеме, да креираме среднорочен план, тоа е многу подобро од планирање денеска за денеска. Мора да се соочиме со реалноста и да планираме како полесно да ја надминеме кризата, напомена вицепремиерот.

Секој денар од Буџетот што годинава се троши мора да оди за спраување со КОВИД, подвлече Битиќи.

извор: МИА
Next Post

МЗ: Стигнаа 10.530 вакцини на Фајзер, купени со директни преговори со производителот

Shortcut

Најново

Избори во Србија – остри кампањи, Вучиќ ја врзува опозицијата со „странски служби“, студентите со кампања од врата до врата

October 4, 2026
Броила (фото: Електродистрибуција)

ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

October 4, 2026

31 година од атентатот врз Киро Глигоров: Сторителите и нарачателите сè уште непознати

October 3, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Градот останува, животот исчезнува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен во Скопје: Има ли Мицкоски нешто ново да ѝ каже?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk