пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ
И годинава, четврта година по ред, го задржуваме напредокот на Индексот за слободата на медиумите на „Репортери без граници“, меѓународна новинарска организација која години наназад ги регистрира притисоците врз слободата на медиумите на светско ниво. Сепак, тој напредок е бавен, ние сме на 90-тото место кое и не е баш за радување и фалење, а извештајот на РБГ и понатаму посочува на „традиционалните“ аномалии кои ги влечкаме години наназад.
Затоа, иако охрабрува континуираниот напредок, оваа анализа ќе се фокусира на она што ја спречува земјата да напредува во медиумските слободи со покрупни чекори. Општата дијагноза и овој пат е прецизно дадена во трите пасуси, онолку колку што одвоиле РБГ во светскиот извештај за Северна Македонија. Јасно се посочени и се препознаваат клучните пречки и предизвици за напредок: заканите и притисоците кон новинарите, културата на неказнивост и растечкиот говор на омраза кон новинари и јавни личности на социјалните мрежи, а секако и финансирањето на медиумите кое ќе оневозможи клиентелизам[1].
Па, да се обидеме да гребнеме под површината и да навлеземе во деталите на два од овие три клучни предизвици – оние најболните, културата на неказнивост, како и општоприсутната омраза и закани што таа ги охрабрува. Оти, како велат, ѓаволот секогаш се крие – во деталите.
КОЈ ВРШИ ПРИТИСОК, КОЈ ГИ НАВРЕДУВА И ИМ СЕ ЗАКАНУВА НА НОВИНАРИТЕ?
Кога зборуваме за директните притисоци, закани, навреди или некоректен однос кон новинарите, македонската јавност е речиси секојдневно сведок на такви случаи, на организирани закани, оцрнувања и заплашувања на луѓе на социјалните мрежи и на портали. За нив ретко се слуша за некако некаков правен епилог, затоа е сосема оправдана перцепцијата дека постои култура на неказнивост, на говор на омраза која доаѓа од секаде, а претежно од партиските симпатизери и пропаганда на социјалните мрежи, за што ЦИВИЛ изминатата година произведе и објави една сеопфатна анализа[2].
Во извештајот на Репортери без граници, освен клучната забелешка за опстојување на културата на неказнивост, се забележува на некоректен однос и од високи владини претставници. За да дојдеме до конкретни бројки, случаи и споредби, се обидовме да направиме анализа на случаите, на кои конкретно и јавно реагирале новинарите и медиумските организации, Здружението на новинарите на Македонија како нивен еснафски претставник. Секако овие случаи опфаќаат само дел од она што се случува во реалноста, но се доволни и валидни за да ги детектираме трендовите и одговорностите за вакви притисоци, имајќи го како филтер утврдувањето на основаноста низ кој поминуваат во медиумските здруженија.
Според реакциите на ЗНМ во текот на 2020 година, кои се официјално и јавно достапни на страницата на Здружението и дел од меѓународен проект со кој се зајакна набљудувачката и застапувачката улога на ЗНМ, се работи за околу 30 случаи на јавни реакции кон некаков вид на притисок упатен кон новинарите и медиумите.
Позиции на Северна Македонија на индексот на Репортери без граници 2009-2021
Најмногу реакции за притисоци, закани говор на омраза, етикетирања – кон политичките партии, нивната пропаганда и симпатизери
Она што е интересно е дека најголем број случаи се однесуваат на политички партии. Повеќето од нив, кои вклучуваат дури и експлицитни закани по живот и со огнено оружје, се за претставници или симпатизери на опозициските ВМРО-ДПМНЕ[3] и Левица[4]. Тука се редат разни случаи, од закани на високи функционери, до закани на обични симпатизери кон новинари дојдени да известат за протест.
Исто така, меѓу реакциите на ЗНМ кон политичките партии во 2020 може да се забележат две реакции кон Алијансата за Албанците[5]. По една официјална реакција за притисоци и закани од страна на лидерот на ГРОМ[6], како и за некоректен однос и јавно етикетирање на новинари од страна на ДУИ[7].
Немало официјални реакции од ЗНМ кон парламентарните партии СДСМ, Беса, Алтернатива и други вонпарламентарни партии.
Другите реакции на ЗНМ се однесуваат говор на омраза или закани од лица преку социјалните мрежи[8], а како видлив пример може да се посочи говорот на омраза од повеќе видови чијашто повеќекратна жртва е една новинарка[9].
ЗНМ реагираше и во случај на закана и притисок кон новинари-истражувачи од познат бизнисмен[10].
Регистрирана е и реакција на ЗНМ за закани и физичка пресметка со лица кои од нападнатиот медиумски работник се посочени како блиски на поранешниот шеф на тајната служба и поранешен висок партиски функционер на ВМРО-ДПМНЕ[11].
ЗНМ реагираше јавно и за закани од лица поради напис за свадба во време на пандемија[12], како и за попречување на новинар од жители на населено место[13].
Посочен беше дури и случај на вербални закани и притисоци од родители во училиште и од свештено лице[14].
За неколку од овие случаи е побарана и постапка од МВР.
Притисоци и некоректен однос од функционери и органи на извршната власт
ЗНМ во текот на 2020 упатило и неколку реакции кон функционери, органи и тела во надлежност на извршната власт.
Две од реакциите се однесуваат на односот на двајца министри од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и нивните тимови за време на техничката влада, една реакција за односот на тогашната министерка за труд и социјала кон една редакција[15], и една реакција за односот на лицата од тимот на техничкиот министер за внатрешни работи[16]. Ова се единствените „високи владини претставници“ на кои упатува извештајот на Репортери без граници“, за кои можевме да пронајдеме официјални реакции од ЗНМ во текот на 2020 година.
Од раководни лица во пониските владини ешалони, ЗНМ во 2020 упатило реакции за притисоци или некоректен однос за тројца директори или владини агенции и институти[17].
Дел од овие функционери, како што соопшти и Владата во одговорот на прашања поврзани со извештајот на РБГ, не се повеќе на тие раководни функции[18].
Кај полицијата, имаше експресна реакција на реакцијата и барањето на ЗНМ за случајот со лице вработено во Централен регистар, кое се закануваше на две новинарки[19], кој доби и судска разрешница при што лицето беше осудено на 20 месеци затвор и задолжително психијатриско лекување[20]. Во две реакции на ЗНМ е посочено на несоодветно полициско постапување кон новинари[21], при што за еден од овие случаи се констатира дека МВР презело мерки и службеното лице било казнето за некоректните постапки[22].
Во врска со ограничувањата кои настапија поради пандемијата, ЗНМ има и една реакција до здравствените власти за попречување на известувањето во време на пандемија[23], како и реакција во врска со критериумите за издавање на дозволи за движење на медиумски работници во време на полициски час[24].
Во еден случај како извор на закани е посочен вработен во Царинската управа[25].
Реакции за притисоците од други институции и власти
Освен кон извршната власт, ЗНМ во текот на 2020 година има и реакции за случаи на несоодветно постапување од институции и органи што се дел од други власти. Се забележуваат два случаи на реакции кон Јавното обвинителство[26]. Од ЗНМ исто така реагирале и за етикетирање од страна на директорот на Агенцијата за медиуми[27].
Како до ослободување на медиумите и јавната комуникација од насилството и омразата?
Иако годинешниот напредок и континуитетот од четири години напредок на индексот на Репортери без граници охрабрува, сепак, посочените случаи на сериозни закани, притисоци, без оглед од кого доаѓаат, треба сите да ги земеме сериозно и како врвен приоритет, за целото општество. Оти, јасни се индикаторите, добро се гледа сè. И кој ја поттикнува културата на неказнивост и омразата со доброорганизирани структури во медиумите и на социјалните мрежи, и кој прави нешто, и кој се прави дека не гледа или гледа само кога тоа некому му одговара, а се гледа и кој не прави ништо.
Наодите на „Репортери без граници“ треба да бидат анализирани внимателно, и секој од посочените јавни актери да преземе одговорност, за недостатоците и за натамошно подобрување на состојбата, секој во својата област и во рамки на своите надлежности и можности. Добро би било да има и меѓусебна координација и добра волја меѓу актерите, но и заметувањето во сопствениот двор не би било лошо за почеток.
Владата во нејзиниот прв настап по објавувањето на годинешниот извештај на РБГ истакна дека ќе продолжи да ги унапредува состојбите таму каде што таа е надлежна, и ги охрабри сите други институции, политички партии и обвинителството да го сторат истото. Одржувањето на позитивниот четиригодишен тренд дава надеж дека тој пат може и да продолжи, но тоа ќе биде возможно само доколку ваквите случаи се пријавуваат постојано во институциите, за да може да се мери нивната ефикасност. Јавноста треба будно да ги следи нивните чекори, да критикува, но и да охрабрува таму каде што се направени позитивни промени.
На овој предизвик секако дека се очекува да одговорат и медиумските професионалци и нивните здруженија. Пред се преку исцртување на јасна линија помеѓу вистинските медиумски професионалци и оние што се дел од партиските кујни за производство на пропаганда и говор на омраза на интернет и социјалните мрежи. Впечатокот е дека новинарскиот еснаф постојано бега од таа битка за прочистување во своите редови. Таа битка е неизбежна, а саморегулацијата и нејзиното интензивно ползување е единственото ефикасно оружје за чување на новиинарската слобода, но и воспоставување на одговорност за професијата.
На крајот, можеби и најважното:
Културата на неказнивост пред сѐ и над сѐ постои затоа што нема постапки и казни од правосудните органи. Тоа веќе и на малите деца им е јасно.
Сè додека луѓето не добијат впечаток дека за закани по живот, говор на омраза, лаги, навреди со кои се руши достоинството на секој човек и се кршат куп закони и човекови права – нема одговорност; или, дека државата селективно „мрда“ само кога се под закана функционери или битни ликови; или, дека можеш сè и сешто да излажеш за некого а тоа да си помине неказнето па дури и да предизвикаш лавина на неказнета омраза…; Сè додека е така, не мрдаме никаде. Ниту на индексот на Репортери без граници и слободата на изразување, ниту општо, во ниту еден аспект важен за да имаме подобра иднина.
Сѐ додека е слободна омразата, под притисок ќе биде слободата на изразување.
[1] Impunity culture persists, Репортери без граници, Индекс на слобода на медиумите 2020, извештај за Севрна Македонија https://rsf.org/en/north-macedonia
[2] АНАЛИЗА: „Наместо со фокус на понудата за граѓаните – медиумите со рефлексија на кампањите доминирани од црна пропаганда, дезинформации, клевети, навреди и омраза“, издадено за Цивил, автор Петрит Сарачини и тим на истражувачи, септември 2020 (сите делови од анализата достапни тука: https://civilmedia.mk/namesto-so-fokus-na-ponudata-za-graganite-mediumite-so-refleksija-na-kampanite-dominirani-od-tsrna-propaganda-dezinformatsii-kleveti-navredi-i-omraza-10-del/
[3] Реакции на ЗНМ кон ВМРО-ДПМНЕ и симпатизери:
- Пратеници ВМРО-ДПМНЕ / Левица етикетираат новинари на Телма 27.12.2021 https://znm.org.mk/%d0%bf%d1%80%d0%b0%d1%82%d0%b5%d0%bd%d0%b8%d1%86%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%bd%d0%b5-%d1%81%d0%bc%d0%b5%d0%b0%d1%82-%d0%b4%d0%b0-%d0%b3%d0%b8-%d0%be%d0%bc%d0%b0%d0%bb%d0%be%d0%b2%d0%b0%d0%b6%d1%83%d0%b2/
- Осуда за нападот на новинарската екипа на Ал Џaзира во центарот на Скопје (На протестот кој..во центарот на Скопје го организираше п.партија ВМРО -ДПМНЕ, од страна на непознато лице, новинарката М.Смилевска и снимателот Ј.Ангеловиќ од медиумот Ал Џaзира биле нападнати и попречени во вршење на своите професионални новинарски задачи..) 09.09.2020 https://znm.org.mk/%d0%be%d1%81%d1%83%d0%b4%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d0%bd%d0%b0%d0%bf%d0%b0%d0%b4%d0%be%d1%82-%d0%bd%d0%b0-%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%b8%d0%bd%d0%b0%d1%80%d1%81%d0%ba%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%b5%d0%ba%d0%b8%d0%bf/
- ЗНМ: МВР и ОЈО веднаш да го најдат лицето кое се закани на новинарот Мишко Иванов (веднаш по завршување на интервјуата со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Христијан Мицкоски и Зоран Заев, извесен Бобан Петровски испратил порака полна со говор на омраза и закани до новинарот на ТВ24) 06.05.2020 https://znm.org.mk/znm-mvr-i-ojo-vednash-da-go-najdat-liczet/
[4] Реакции на ЗНМ кон Левица и симпатизери:
- Закани на Апасиев кон новинарката Димковиќ 07.12.2020 https://znm.org.mk/%d0%b7%d0%bd%d0%bc-%d0%be%d1%81%d1%83%d0%b4%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d0%bf%d0%be%d1%82%d1%82%d0%b8%d0%ba%d0%bd%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5%d1%82%d0%be-%d0%be%d0%bc%d1%80%d0%b0%d0%b7%d0%b0-%d0%bd%d0%b0/
- ЗНМ остро ги осудува заканите упатени кон Дерала и Сарачини 29.07.2020 https://znm.org.mk/%d0%b7%d0%bd%d0%bc-%d0%be%d1%81%d1%82%d1%80%d0%be-%d0%b3%d0%b8-%d0%be%d1%81%d1%83%d0%b4%d1%83%d0%b2%d0%b0-%d0%b7%d0%b0%d0%ba%d0%b0%d0%bd%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d1%83%d0%bf%d0%b0%d1%82%d0%b5%d0%bd%d0%b8/
[5] Осуда за јавните етикетирања на Алијанса за Албанците кон ТВ21 09.06.2020 https://znm.org.mk/osuda-za-javnite-etiketirana-na-alija/ //
ЗНМ: Остра осуда за заканите кон новинарката на ТВ21 (…кон новинарката на ТВ21, Алмедина Исмајли, упатени закани од страна на Нешат Адеми кој е доскор.член на АА…) 29.01.2020 https://znm.org.mk/znm-ostra-osuda-za-zakanite-kon-novina/
[6] Осуда за навредите и заканите на С.Јакимовски кон новинарот Г.Чомовски 27.03.2020 https://znm.org.mk/osuda-za-navredite-i-zakanite-na-stevch/
[7] ЗНМ: ДУИ да престане со етикетирање новинари (Али Ахмети го нарече „вегетосан“ новинарот на онлајн медиумот „In7.tv“, Албрим Хоџа)19.05.2020 https://znm.org.mk/znm-dui-da-prestane-so-etiketirane-nov/
[8] ЗНМ, ССНМ и СЕММ: МВР и ОЈО да го санкционираат говорот на омраза кон новинари (говор на омраза на социјални мрежи кон повеќе новинари и НВО-а) 15.11.2020 https://znm.org.mk/%d0%b7%d0%bd%d0%bc-%d1%81%d1%81%d0%bd%d0%bc-%d0%b8-%d1%81%d0%b5%d0%bc%d0%bc-%d0%bc%d0%b2%d1%80-%d0%b8-%d0%be%d1%98%d0%be-%d0%b4%d0%b0-%d0%b3%d0%be-%d1%81%d0%b0%d0%bd%d0%ba%d1%86%d0%b8%d0%be%d0%bd/
[9] ЗНМ, ССНМ и СЕММ остро ги осудуваат заканите кон дописничката Милевска 13.07.2020 https://znm.org.mk/%d0%b7%d0%bd%d0%bc-%d1%81%d1%81%d0%bd%d0%bc-%d0%b8-%d1%81%d0%b5%d0%bc%d0%bc-%d0%be%d1%81%d1%82%d1%80%d0%be-%d0%b3%d0%b8-%d0%be%d1%81%d1%83%d0%b4%d1%83%d0%b2%d0%b0%d0%b0%d1%82-%d0%b7%d0%b0%d0%ba%d0%b0/
[10] Заканите кон екипата на ИРЛ, сериозен обид да се замолчи истражувачкото новинарство (од сопственикот на градежната фирма „Настел“ – Зоран Азманов) 30.12.2019 https://znm.org.mk/zakani-kon-ekipata-na-irl-seriozen-obi/
[11] ЗНМ: Итно да се истражи нападот врз новинарот Љупчо Златев (случај со синот на Мијалков) 24.07.2020 https://znm.org.mk/%d0%b7%d0%bd%d0%bc-%d0%b8%d1%82%d0%bd%d0%be-%d0%b4%d0%b0-%d1%81%d0%b5-%d0%b8%d1%81%d1%82%d1%80%d0%b0%d0%b6%d0%b8-%d0%bd%d0%b0%d0%bf%d0%b0%d0%b4%d0%be%d1%82-%d0%b2%d1%80%d0%b7-%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%b8/
[12] Остра осуда за заканите кон новинарката Мирослава Бурнс (после објавен текст за свадба Тетово, забранети со мерки за пандемија) 24.07.2020 https://znm.org.mk/%d0%be%d1%81%d1%82%d1%80%d0%b0-%d0%be%d1%81%d1%83%d0%b4%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d0%b7%d0%b0%d0%ba%d0%b0%d0%bd%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%ba%d0%be%d0%bd-%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%b8%d0%bd%d0%b0%d1%80%d0%ba%d0%b0/
[13] ЗНМ најостро ги осудува заканите кон новинарската екипа на ТВ Клан (Фуркан Салиу од Клан ТВ на терен во Ваксинце, попречуван од жители…) 28.05.2020 https://znm.org.mk/znm-najostro-gi-osuduva-zakanite-kon-n/
[14] ЗНМ и СЕММ: Вербалните и сите други напади кон новинарите треба веднаш да престанат 24.10.2020 https://znm.org.mk/%d0%b7%d0%bd%d0%bc-%d0%b8-%d1%81%d0%b5%d0%bc%d0%bc-%d0%b2%d0%b5%d1%80%d0%b1%d0%b0%d0%bb%d0%bd%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%b8-%d1%81%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%b4%d1%80%d1%83%d0%b3%d0%b8-%d0%bd%d0%b0%d0%bf%d0%b0/
[15] ЗНМ и СЕММ го осудуваат односот на министерката Мизрахи кон А1он 28.01.2020 https://znm.org.mk/znm-i-semm-go-osuduvaat-odnosot-na-mini/
[16] Недозволив однос на полицајците кон Салиу (односот на полициските службеници од обезбедувањето и одговорните за протокол на минист.за вн.работи, Наќе Чулев кон новинарот од ТВ Клан, Фуркан Салиу) 07.05.2020 https://znm.org.mk/nedozvoliv-odnos-na-policzajczite-kon-s/
[17] ЗНМ, ССНМ и СЕММ: Осуда за заканите и дискредитациите кон новинари („А1он“ од страна на директорката на Нац.агенција за европски образовни програми и мобилност..) 12.10.2020 https://znm.org.mk/%d0%b7%d0%bd%d0%bc-%d0%b8-%d1%81%d1%81%d0%bd%d0%bc-%d0%b4%d0%b8%d0%bc%d0%be%d0%b2%d0%b0-%d0%b4%d0%b0-%d0%bd%d0%b5-%d0%b4%d0%b8%d1%81%d0%ba%d1%80%d0%b5%d0%b4%d0%b8%d1%82%d0%b8%d1%80%d0%b0-%d0%bd%d0%be/ // Осуда за повторните закани и омаловажување на Тозија од Агенција за филм 30.09.2020
https://znm.org.mk/%d0%be%d1%81%d1%83%d0%b4%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d0%bf%d0%be%d0%b2%d1%82%d0%be%d1%80%d0%bd%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%b7%d0%b0%d0%ba%d0%b0%d0%bd%d0%b8-%d0%b8-%d0%be%d0%bc%d0%b0%d0%bb%d0%be%d0%b2%d0%b0%d0%b6/ /// РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦИ ГИ ОСУДИ ЗАКАНИТЕ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ФИЛМ ЗА КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ПРОТИВ САКАМДАКАЖАМ.МК, РАДИОМОФ.МК И МКД.МК 30.07.2020 https://sdk.mk/index.php/makedonija/reporteri-bez-granitsi-gi-osudi-zakanite-na-agentsijata-za-film-za-krivichni-prijavi-protiv-sakamdakazham-mk-radiomof-mk-i-mkd-mk/ + ЗНМ https://znm.org.mk/%d0%b0%d0%b3%d0%b5%d0%bd%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d1%84%d0%b8%d0%bb%d0%bc-%d0%bf%d1%80%d0%be%d0%b4%d0%be%d0%bb%d0%b6%d1%83%d0%b2%d0%b0-%d1%81%d0%be-%d0%b7%d0%b0%d0%ba%d0%b0/ / ЗНМ: Осуда за грубите дисквалификации упатени кон новинарката Марина Костова од страна на Агенцијата за филм 10.07.2020 https://znm.org.mk/%d0%b7%d0%bd%d0%bc-%d0%be%d1%81%d1%83%d0%b4%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d0%b3%d1%80%d1%83%d0%b1%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%b4%d0%b8%d1%81%d0%ba%d0%b2%d0%b0%d0%bb%d0%b8%d1%84%d0%b8%d0%ba%d0%b0%d1%86%d0%b8%d0%b8//// Осуда за непримерниот однос на ИДКНА кон весникот „Коха“ (Институот за културно наследство на Албанците…) 02.09.2020
https://znm.org.mk/%d0%be%d1%81%d1%83%d0%b4%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d0%bd%d0%b5%d0%bf%d1%80%d0%b8%d0%bc%d0%b5%d1%80%d0%bd%d0%b8%d0%be%d1%82-%d0%be%d0%b4%d0%bd%d0%be%d1%81-%d0%bd%d0%b0-%d0%b8%d0%b4%d0%ba%d0%bd%d0%b0-%d0%ba/
[18] https://vlada.mk/node/24956
[19] ЗНМ: Институциите итно да постапат за заканите кон Јордановска и Коровешовска (заканувачот Емил Јакомовски) 13.01.2020 https://znm.org.mk/znm-institucziite-itno-da-postapat-za-z/ //
[20] https://360stepeni.mk/emil-jakimovski-dobi-zatvor-od-20-mesetsi-i-zadolzhitelno-lekuvane-vo-bardovtsi/
[21] Недозволив однос на полицајците кон Салиу (односот на полициските службеници од обезбедувањето и одговорните за протокол на минист.за вн.работи, Наќе Чулев кон новинарот од ТВ Клан, Фуркан Салиу) 07.05.2020 https://znm.org.mk/nedozvoliv-odnos-na-policzajczite-kon-s/
[22] МВР ги казни полицајците што ја попречуваа работата на колешката Секуловска 22.07.2020 https://znm.org.mk/%d0%bc%d0%b2%d1%80-%d0%b3%d0%b8-%d0%ba%d0%b0%d0%b7%d0%bd%d0%b8-%d0%bf%d0%be%d0%bb%d0%b8%d1%86%d0%b0%d1%98%d1%86%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d1%88%d1%82%d0%be-%d1%98%d0%b0-%d0%bf%d0%be%d0%bf%d1%80%d0%b5%d1%87/
[23] Здравствените власти да не ја попречуваат работатата на новинарите 30.12.2020
[24] Регистарот на СЕММ и ЗНМ постои за препознавање на професионалните медиуми, а не за делење дозволи за движење 22.03.2020 https://znm.org.mk/registarot-na-semm-i-znm-postoi-za-prep/
[25] ЗНМ: Осуда за заканите и навредите врз новинарката Мирослава Бурнс (…од страна на Ласте Ивановски, вработен во Царинската управа) 01.03.2020 https://znm.org.mk/znm-osuda-za-zakanite-i-navredite-vrz-n/
[26] РЕАКЦИИ КОН ОЈО: Истрагата на ОЈО за изборното рекламирање треба да е транспарентна и неселективна 17.09.2020 https://znm.org.mk/%d0%b8%d1%81%d1%82%d1%80%d0%b0%d0%b3%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d0%be%d1%98%d0%be-%d0%b7%d0%b0-%d0%b8%d0%b7%d0%b1%d0%be%d1%80%d0%bd%d0%be%d1%82%d0%be-%d1%80%d0%b5%d0%ba%d0%bb%d0%b0%d0%bc%d0%b8/ // ЗНМ и ССНМ: ОЈО да го преиспита случајот со Златев 31.07.2020 https://znm.org.mk/%d0%b7%d0%bd%d0%bc-%d0%b8-%d1%81%d1%81%d0%bd%d0%bc-%d0%be%d1%98%d0%be-%d0%b4%d0%b0-%d0%b3%d0%be-%d0%bf%d1%80%d0%b5%d0%b8%d1%81%d0%bf%d0%b8%d1%82%d0%b0-%d1%81%d0%bb%d1%83%d1%87%d0%b0%d1%98%d0%be%d1%82/
[27] ЗНМ: Директорот на АВМУ непрофесионално етикетира медиуми 28.07.2020 https://znm.org.mk/%d0%b7%d0%bd%d0%bc-%d0%b4%d0%b8%d1%80%d0%b5%d0%ba%d1%82%d0%be%d1%80%d0%be%d1%82-%d0%bd%d0%b0-%d0%b0%d0%b2%d0%bc%d1%83-%d0%bd%d0%b5%d0%bf%d1%80%d0%be%d1%84%d0%b5%d1%81%d0%b8%d0%be%d0%bd%d0%b0%d0%bb/