ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Попладневен преглед: Раководството на СДСМ ќе се обнови давајќи шанса на нови кандидати, Димитриевски очекува извинување и обесштетување од 1 денар од страна на ВМРО-ДПМНЕ, електронски упис на првооделенци

April 22, 2021 17:56
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заев изјави дека тој и потаму ќе соработува со Радмила Шекеринска и покрај нејзината најава дека нема намера да се кандидира за трет мандат на позцијата заменик претседател на партијата, додавајќи дека со неа и со огромен процент од раководството се договриле да го обноват партиското раководство, давајќи шанса на нови кандидати.

Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, објави дека согласно правосилна судска пресуда очекува од ВМРО-ДПМНЕ да му исплатат обесштетување на симболечин износ од 1 денар и јавно на прес-конференција да му се извинат за изнесените клевети.

Првоодделенците за претстојната учебна 2021/2022 година првпат ќе може да се запишат и електронски. Уписот е во мај како и во минатите години, но годинава родителите не е потребно да доаѓаат во училиштата, туку документите за своите деца ќе ги поднесат онлајн преку националната платформа за електронски упис на првачиња.

Поцврст став од Брисел, што очигледно недостасуваше минатата недела во врска со контроверзниот документ во којшто се предлага промена на граници на Западен Балкан, ќе ги смиреше страстите во регионот, сметаат аналитичарите. Во исто време, регионални и меѓународни аналитичари со кои порталот „Еурактив“ контактираше, остро ги отфрлија идеите за „фантомскиот“ нон-пејпер.

Директорот на Зоолошката градина Ѓорѓи Галетановски, објави демант на, како што вели, низата невистини за Зоолошката градина објавени во порталот Вечер.мк. Целосно го демантирам текстот на порталот Вечер.Мк под наслов „Петре Шилегов- Градоначалникот кој го продаде кучата, портал каде што Ивона Талевска е главен и одговорен уредник, а со непотпишан автор на статијата, во која се изнесени низа невистини и за Зоолошка градина Скопје. Во текстот е спомната некаква си куќа за пингвини која чини 300.000 евра и парите според порталот се дадени во време на пандемија, но во реалноста не е така, вели тој.

Ги злоупотребуваат своите позиции во општеството и во системот, за да се стекнат со уште повеќе пари и моќ. Им слугуваат на центри на моќта кои работат против македонските национални интереси. Антипатриоти се, а цел живот вреват за патриотизмот зад кој ги кријат своите криминални постапки, злокобните ставови и радикализмот, пишува ЏАБИР ДЕРАЛА.

Фатиме Фетаи, Бурим Рустеми, Сашо Рајчев, Наум Пановски и Снежана Бундалевска – Георгиевска на денешната седница на Советот на јавни обвинители се избрани за обвинители во Вишото јавно обвинителство Скопје.

Претседателот на Советот на јавните обвинители Ацо Колевски рече дека лично нему  никој не му вршел влијание во однос на денешниот избор на јавни обвинители, а ниту пак некој од членовите на Советот кажал дека му било вршено влијание од политички партии.

M. Миткоска

Next Post
Фотографија: Кирил Михаилов, ЦИВИЛ Медиа

Шести пакет на мерки во најава - угостителите (не)задоволни и (не)самокритични

Shortcut

Најново

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk