ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев: Го поздравуваме планот за инвестиција на американската HTEC Group во ИТ секторот на Северна Македонија

April 23, 2021 17:43
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска прими претставници на HTEC Group, американска компанија за софтверско инженерство, која обезбедува услуги во оваа дејност, услуги за развој на производи во широк спектар на индустрии, како што се малопродажбата, логистиката, медицинската технологија, информатички услуги во финансискиот сектор и други.
Главниот оперативен директор на групацијата HTEC, Дејвид Шох, му го претстави на премиерот Заев амбициозниот план на компанијата за инвестиции во регионот, кој вклучува формирање центар за развој во Северна Македонија.

„Ние веруваме дека со обезбедување на уникатни можности за развој на кариера, конкурентни пакети за компензација и шанса да работиме со водечките глобални корпорации за врвни технологии, можеме да отвориме нови можноста за врвните млади таленти на Северна Македонија и да им помогнеме на напорите на земјата во борбата против економска миграција на работна сила“, рече на средбата Шох.

Премиерот Заев ја поздрави инвестицијата и го претстави на HTEC Group пакетот на Владата за поддршка на странските инвеститори, дополнително истакнувајќи ја заложбата на Владата за зајакнување на ИТ секторот во Северна Македонија.

„Покрај постоечката поддршка, Владата ќе ја реализира мерката за постепено намалување на персоналниот данок во ИТ индустријата и од сегашните 10% да дојде до целосно укинување, односно до 0% во 2023 година“, рече премиерот Заев на средбата и истакна дека се регистрирани позитивни трендови во економијата и дека полнењето на државната каса оди според планираното, а приходите се на повисоко ниво од преткризниот период од минатата година.

HTEC Group вработува над 800 инженери и покрај канцелариите во САД, Велика Британија, Холандија, Шведска и Словенија, има развојни центри на четири локации во Србија и една во Босна и Херцеговина.

Next Post
Фото: Огнен Бошњаковски/Фронтлајн

Попладневен преглед: Со новиот закон ја гарантираме сигурноста на работните места и ги мотивираме наставниците, подготвена е физибилити студија за Законот за потекло на имот, истрагата треба да ги даде резултатите за случајот со Рашковски

НАЈНОВО

Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот

Кос: За напредок во проширувањето потребна е трајна трансформација на економиите и општествата на земјите кандидатки за членство

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk